Лето е најдоброто време за откривање на нови работи и морски предели. Сега е времето да излезете надвор од вашата комфорт зона и да се впуштите во летна авантура.
Ако сте под А) авантуристи, под Б) имате брзи прсти, под В) сакате попуст и под Г) имате добар шеф на работа продолжете да читате.
Сега е најдобар тајминг да се впуштите во нова Last Minute авантура, а за да го направите тоа ќе треба да сте спремни да се подготвите за одмор за 1 ден. Затоа споделувам 5 чекори кои можеби ќе ви помогнат во спремање на мајндсетот за брзо спремање и возбудлив одмор на прекрасни дестинации поминат со најмали трошоци. Па, подобро не може да биде 😀
Еве како да се спремите за одмор без многу планирање:
Чекор број 1 – Проверете дали ви е истечен пасошот
За секој случај 😉 Ако не го поминете овој чекор, а веќе го сетиравте мајндсетот дека сакате да отпатувате негде погледнете ги дестинациите за кои не ви е потребен пасош т.е посетете некоја убавина “дома”. https://grouper.mk/category/patuvanja-makedonija
Чекор број 2 – Имајте авантуристички став
Сетете се на старите времиња кога никој немал можност да го планира својот одмор и едноставно оделе во било кое време и решавале каде ќе престојуваат. Така и вие само одберете дестинација и резервирајте одмор на место каде до сега не сте биле. Бидете отворени, go with the flow и дозволете да ве понесе летната еуфорија и да си поминете одмор за раскажување. Не губете време на предолго планирање ако начекате добра понуда тргајте уште утре.
П.С: Last Minute зделките на Grouper имаат плус екстра попуст, па можете и да заштедите.
Чекор број 3 – Букирајте одмор
Со добро море нема грешка, отворете го линков бидете спонтани, одберете било која од дестинациите и почнете со спремање.
– “Ама како спремање за 1 ден?” Прочитајте во наредна точка.
Чекор број 4 – Спакувајте се за еден ден
Одлучете колкав број на парчиња облека би носеле во куфер, или ранец ако сакате поголем предизик 🙂 Ставете се што планирате да носите на подот и одберете 10 работи кои ќе ги земете со вас. Користете го правилото на 2 минути. Имате 2 минути да одлучите дали ќе носите одредено парче облека. Бидете брзи сепак ова е ваш одмор и најважно е да се чувствувате удобно не е важно кои парчиња ќе ги одберете.
Еве листа од работи кои ви се најпотребни:
- Долна облека, чорапи и пижами
- Костими за капење
- Облека за преку ден/плажа (неколку маички, шорц)
- Облека за навечер (некое лефтерно кошулче, фустанче по вкус и стил)
- Основни лекови
- Млеко за сончање
- Средства за лична хигиена (само во еден несесер, не повеќе, нема потреба од многу козметики и шминки, поцрнети сите сме поубави :D)
- Нешто со долги за секој случај (никогаш не се знае)
+ Powerbank, ако има Wi-Fi на плажа сигурно ќе ви треба, плус мора да се прават фотки со морето секој ден.
Искористете го просторот во куферот, ставете повеќе облеки една врз друга и свиткајте ги во форма на ролна.
Чекор број 5 – Сменете пари во евра
Локуомадес на плажа со картичка, охи. Земете си евра да имате за секој случај покрај картичките.
Тоа е тоа. Спремни сте!
Легнете си порано, наместете си аларм и тргнете на време, да не бидете панични по сабајле. Тоа се моите 5 чекори за брзо спремен одмор, нашата колешка Сандра веќе ги искористи предлозите и тргна на одмор после работа денес.
П.С: Ако се уште сакате одмор испланиран однапред – We Got you covered! Имаме одмори за до Септември. Проверете ги сите екстра понуди тука https://grouper.mk/patuvanja
Поздрав од Груперските патувачи!