Меѓународниот ден на жената или 8-ми Март, е денот кој сите го знаеме по тоа што се празнуваат жените ширум светот, но и ден од кога историски гледано, се одбележува нивната социјално-економска рамноправност. Кога тој е веќе пред прагот доаѓа време да размислите што би и подариле на жените кои ви значат, без разлика дали се работи за вашата мајка, сопруга, девојка или најдобра пријателка. Секако, не сите жени сакаат да прослават на ист начин па нормално е да немате идеја што да подарите. Но прашањето е, како да купите специјален поклон за сите, а да заштедите на време и непотребни дилеми? Баш поради тоа, ние од Grouper ви спремивме неколку идеи за подарок кои се надеваме дека ќе ви помогнат при изборот.
Наместо да лутате по продавници погледнете ја категоријата на зделки за 8-ми Март која ја креиравме за вас, со цел полесно да пребарувате а патем и да добиете инспирација што би подариле на вашите сакани. Едноставно е, купувате онлајн од удобноста на вашиот дом и производите ви стигаат на посакуваната адреса.
Покрај постоечките попусти на нашиот сајт, доколку купите викендот од петок до понеделник (5.03 – 8.03) добивате и дополнителен 10% Cashback на сите купувања со картичките на Mastercard.
Годинава можете да приредите екстра изненадување со тоа што ќе подарите патување за 8-ми Март. Ако сакате да бидете оригинални одберете од големиот избор на рачно изработени 8-мо Мартовски кутии со комбинации од семиња за цвеќе, макаронс колачиња, миризливи свеќи, брошеви, четки за шминка и слично. Персонализираните подароци се одраз на вашите емоции во самиот подарок па затоа верувајте дека ќе бидат од посебно значење за личноста на која подарувате.

Можеби звучи клише но цвеќето за подарок секогаш ќе претставува број 1 израз за добар гест и внимание од ваша страна. Од големиот избор на цвеќиња ви препорачуваме да изберете уникатен аранжман – букет од алстомерии или одлучете се за класика и подарете букет од рози. Ако личноста е љубител на книги, подарок кој е секогаш прифатлив се и книгите за читање. Целиот избор можете да го видите во нашата онлајн книжарница. Производи при чиј избор нема да погрешите се добар женски парфем или елегантен рачен часовник а како алтернатива ви предлагаме и кул маичка со натпис или премиум сет за нега на тело и раце од брендот L’Occitane.
Парфем Christina Aguilera DEFINITION Edp Женски Часовник PIERRE CARDIN Almond Shower Oil & Shea Butter Hand Cream
Цветен аранжман –
Букет алстомерииБестселерот Сапиенс од
Јувал Ноа ХарариМаица “Жена, мајка, кралица од ТиноСки
На крајот од денот дали подарокот е голем, мал, едноставен или неконвенционален не е важно. Важно е вниманието кое го одвојувате и посветувате. Празнувајте ги секој ден жените кои играат значајна улога во вашиот живот, тие тоа го заслужуваат!