Сакате да купите купон а немате платежна картичка? Нема пробле, може да купите преку уплатница.
Напомена: Самата уплата не е купување туку дополнување на Вашата торбичка за профилот од каде потоа вршите купвање.
Постапката во 3 едноствни чекори:
Чекор 1: Уплатете ја сумата која сакате да ви биде додадена на Вашиот Grouper профил.
Информациите за попoлнување на уплатницата се прикажани на сликата.
Чекор 2: Испратете ни email на [email protected] со следните информации:
- име на уплатувачот
- корисничко име на Вашиот Grouper профил
- сумата која сте ја уплатиле
- датум на уплата
- скенирана или сликана со фотоапарат уплатницата доколку сакате парите да ви бидат префрлени пред истите да стигнат кај нас на сметка
Чекор 3: По примање на email пораката парите ќе ви бидат префрлени и ќе ве известиме за тоа со емаил. По логирањето ќе ги видите средствата во Вашата торбичка и ќе можете да направите купување на било која зделка.
НАПОМЕНА: Уплатените пари не стигинуваат веднаш на нашата сметка. Доколку уплатите наутро парите ќе стигнат после 15:00 часот. Доколку многу ви се брза за зделката, ќе треба да наведете 1 во НАЧИН на уплатницата (банката зема провизија за ваков тип на уплати со НАЧИН1) или пак да ја пратите скенирана/сликана уплатницата.
По добивањето на средствата во вашата торбичка во “Биланс” ќе ја видите сумата која сте ја уплатиле. За да ја купите зделката кликнете на КУПИ и во ТИП НА ПЛАЌАЊЕ одберете ТОРБИЧКА. Купоните ќе ги добиете на вашиот профил во – Купони