Остани здрав – Кампања за попусти на здравствени прегледи

Оваа година повеќе од било кога важно е да се грижиме за нашето здравје. Често забораваме која е важноста на грижата за себе. Не за џабе велат здравјето пред сé, сé останато ќе си дојде.

За време на пандемијата со COVID-19 навистина бевме ограничени да посетиме специјалист и многу од нас ги одложија потребните прегледи. Секојдневниот стрес, грижата за нас и нашите сакани, изминатите изолации се фактори кои и те како влијаат на нашето физичко и психичко здравје. Затоа, грижата за себе направете ја приоритет!

Со новата кампања “Остани Здрав” ве потсетуваме да си ја направите регуларната месечна проверка, што одамна се потсетувате да ја направите, да се грижите за себе и да почнете со мали промени за севкупно подобро здравје.

За таа цел нашиот тим подготви зделки со многу попусти на различни прегледи, испитувања, тестови, анализи!

Од 24.08.2020 на Grouper проверете ги сите понуди и искористете ги попустите на одбрани зделки од категорија здравје.

Нашата порака е едноставна: Остани Здрав! Во ова време на неизвесност и грижа, не смееме да заборавиме што е најважно.

Започнете со мали чекори, направете си проверка почнувајќи од видот, забите, па се до цело тело. Видете што се можете да направите за да го подобрите имунитетот. Направете промени во исхраната, бидете физички активни и најважно од сé, останати позитивни!

Телото е вашиот храм, дајте му го вниманието кое му е потребно.

Топло ве поздравуваме и ви посакуваме добро здравје!

Frosina Trajkovska

Frosina Trajkovska

Customer Care & Web Admin Team Lead