Дечкии кое е првото нешто на кое ви текнува кога помислувате на вашето детство?
Овој период, почеток на септември, секогаш ме потсеќа на старт на школо…прибори, книги, па виткање книги во хартија, па дали ќе имам нови патики за прв ден, ранецот дали се скинал или ми треба нов и секако дружби и лудории со сите што не сме се виделе цело лето. Па после мемориите ме носат на детство, на игри на улица, народна, граница, школка, ластик, па игри по дома со барбики, коцки, карање со сестра/брат што е мое-твое, не лути се човече (секогаш се лутев), монопол и кој ќе биде банкар 🙂
Пред некој ден тимски се задлабочивме во темата, па споделувавме кој што највеќе сакал да игра како дете, кој мразел 1ви септември и му предизвикувало чувство на трема, други од нас (бубалиците) раскажувавме како едвај чекавме да тргнеме во школо и да бираме тетратки пошто нели, не можеш во било каква да пишуваш 🙂
Како и за се друго, така и за ова, ни дојде како инспирација (бидејќи веќе имаме цела категорија за дечиња на сајт) да направиме кампања за деца големи и мали, и ја крстивме Kids Week! Од детски прибор, играчки до игротеки за најзабавните родендени и додатоци за сите нови родители. We got you covered обезбедивме за сите по нешто.
Kids Week – специјална кампања за дечиња + донации!
СТАРТ 4.09!
Покрај супер детски зделки и секако цени на попуст, заедно со Mastercard ќе ја поддржиме кампањата и со донации за дечињата кои не се во можност да си дозволат се што е неопходно. Со секој купен купон од зделките од Kids Week со Mastercard картичка донирате 10 ден. во Здружението за хумано-општествен развој Проект среќа за среќна школска 2019 година.
Кој сака да донира и повеќе од тоа, ќе имаме и дедицирана зделка за донации за да собереме што повеќе средства.
Дечки, ајде да собереме заеднички што повеќе! Сите средства ќе одат во здружението Проект Среќа, предводено од Кристина Арнаудова кои организираат проекти за деца од социјално загрозени средини. Со среќа на сите првачиња, забавачиња, мали и големи деца!
Со љубов, вашиот GROUPER ви посакува среќна и успешна учебна година