Декември, топол дом, подароци, празнична атмосфера… Ова се зборовите кои го опишуваат овој период кога сите почнуваме да се подготвуваме за новогодишните празници.
Овој месец не мотивираше да направиме нешто поинакво на Grouper, нешто кое ќе биде интересно за корисниците, но и корисно за малите бизниси.
Овој месец Grouper во соработка со MATA – Macedonian Artisans Trade Association подготвивме Крафт Арт: онлајн базар на рачни изработки за сите вас!
Само во Grouper Shopping Mall, без гужви, со онлајн нарачки и достава до посакуваната локација или подигнување на производите.
Отворете го Grouper Shopping Mall, одберете ја вашата омилена изработка за себе или пак одберете подарок кој ќе го подарите овие празнични денови. Од накит, новогодишни украси, подароци, па се до корисни додатоци за домот изработени со многу љубов од занаетчиите.
Топ 5 причини зошто да купувате рачни изработки онлајн:
- Секоја изработка е уникатна и единствена
- Секоја изработка е рачно направена од квалитетни материјали
- Ова е можност да подарите нешто невообичаено
- На овој начин го поддржувате сонот на уметниците кои ги создаваат изработките
- Купувате нешто кое ќе ви трае уште долги години
Ајде да ги поддржиме малите бизниси, занаетчиите, уметниците и да уживаме во индивидуалноста на секој производ.
Подарете љубов,
Ваш Grouper тим ?