Од неодамна, дел од Grouper Shopping Mall стана и Leather Shop Belev од Охрид. По тој повод, направивме краток разговор со Елена Белева, која ни откри неколку интересни детали за овој уникатен бренд и бизнис! Займ онлайн на карту.
Нешто за почетоците на Leather Shop Belev?
Сè започна во далечната 1946 година, Милан и Ѓорѓи, двајца браќа од Охрид, по изучување на опинчарскиот занает во Заечар – соседна Србија, се враќаат назад и отвараат дуќан во старата охридска чаршија. Тие неуморно работат и го развиваат овој занает за подоцна да ги наследат неговите деца. Овој бизнис за рачна изработка на кожени производи опстојува на пазарот во континуитет веќе 75 години!

Што е она кое ги прави вашите креации уникатни?
Пред сè, тоа е традиционалниот начин на изработка, предаден од генерација на генерација. Нашите финални производи се навистина уникатни ракотворби изработени исклучиво од рачно одбрана, најквалитетна природна кожа. Вложениот труд и долгогодишно искуство на големите мајстори придонесуваат нашите производи да бидат уникатни и препознатливи.
Каде го гледате брендот за 10 години од сега?
Сметаме дека со напорна работа ќе постигнеме уште поголем напредок. Штотуку влеговме на пазарот со е-трговија преку нашата онлајн продавница во Grouper Shopping Mall, што за нас е едно ново поглавје во водењето бизнис. Се надеваме дека за 10 години од сега, онлајн продажбите ќе имаат многу позначаен удел во целокупната продажба.

Кои се ваши омилени и најбарани модели на пазарот?
Од широкиот асортиман на производи, можеме слободно да кажеме дека чевлите и чантите се наши најбарани и најпродавани производи. Изработени рачно во така наречен ‘сарачки стил’ ретко кој може да ги занемари во нашиот дуќан.
