Среќа е многу често проучувана тема, ќе речете можеби е дури клише, ама не може да се оспори дека е главен мотив на постоењето – да бидеме среќни. Некој рекол дека среќа е кога она што го мислиш, кажуваш и правиш се во меѓусебна хармонија. Среќа е состојба на умот која се дефинира со позитивни емоции. Сепак, наместо да ја дефинираме среќата, ајде да ја поттикнеме. Нашиот тим размислуваше како се поттикнува среќа и дојдовме до некои заклучоци, меѓу кои:
- Среќата доаѓа во моментот кога ќе пробаш нешто ново и вкусно, и кога викаш ммммм…
- Среќата е голема кога патуваш на ново место, или место на кое си бил, па ти станало омилено
- Среќата не обзема кога споделуваме искуство со луѓето кои ги сакаме
- Среќа се поттикнува со масажа, бидејќи се ослободуваа хормон на среќа (ова е медицински докажано)
- Среќа е кога ќе добиеш подарок, пријатно изненадување или награда.
Сето ова беше нашата главна инспирација за да Ве направиме среќни и тоа со наградна игра која ќе ги содржи сите состојки за среќа како и самите Grouper купони, па затоа истата ја крстивме СРЕЌНИ КУПОНИ!
Учеството во оваа наградна игра е многу едноставнo, сé што треба да направите е следно:
- Пополнете го Вашиот профил на Grouper. ТОЛКУ!
Откако ќе го пополните профилот, понатаму сите купони што ќе ги купувате влегуваат во извлекувањето. И логично, колку повеќе купони купувате, толку повеќе се зголемуваат шансите за добивка. Извлекувањата се прават еднаш месечно, а наградната игра ќе трае три месеци. Играта ќе започне на 14 Април 2015 година, а ќе заврши на 17 Јули 2015.
И најважното, што се наградите? Пари! 🙂
- 5 награди x 3000 Grouper поени еквивалетно на 3000 ден. (извлекување на 15.05.2015)
- 5 награди x 5000 Grouper поени еквивалетно на 5000 ден. (извлекување на 16.06.2015)
- 1 награда x 30.000 Grouper поени еквивалетно на 30.000 ден. (извлекување на 17.07.2015)
Детално инфо за правилата на играта ТУКА.
Мислам дека сега е јасно што е целта. Откако ќе го пополните профилот, ќе си купувате купони кои најпрво ќе ви донесат среќа со нови искуства, можеби ќе посетите ново место, можеби ќе пробате нешто неодоливо, или за прв пат ќе јавате коњ. И на крај, како цреша на шлаг, еден од тие купони ќе биде навистина среќен и ќе Ви донесе пари со кои ќе можете да си купите нови среќни искуства. Ова е круг на среќа кој не завршува! Со среќа!