131-03

Гласање за најдобри ресторани! #СкопјеГурман

За време на #СкопјеГурман градот станува вистински повесел и пораздвижен! Нашите Групери го искусуваат градот со сите сетила, посетуваат места за прв пат и доживуваат нови вкусови, а секако сé ова по супер ниски цени! Оваа година подготвивме и вистинска мапа  со сите прекрасни ресторани од Недела на храна!

Очекувајте врвна услуга од нашите одбрани 70 ресторани и секако - квалитетна храна! И бидејќи Групер заедницата особено е пребирлива во однос на она што вкусно ќе добие со купон, решивме повторно да продолжиме со натпреварувачкиот дух меѓу рестораните и да им дадеме уште еден поттик да служат беспрекорно добра храна. (*Плус минатогодишните победници беа топ!)

И оваа година рестораните се во трка за титулата Најдобар ресторан во својата категорија!

Во текот на кампањата, откако ќе го сликнете бургерот или откако ќе ја пробате пицата, не заборавајте да го дадете вашиот глас за најдобрите кои ви приредиле вистинско гурманско искуство и ги надминале вашите очекувања.

Се гласа во следните категории:

  • Најдобра пица
  • Најдобра паста
  • Најдобар азиски специјалитет
  • Најдобар бургер
  • Најдобра салата
  • Најдобар десерт
  • Најдобар сендвич
  • Најдобар специјалитет од месо & BBQ

Гласањето почнува во среда (20.06.)!
Tаман имате продолжен викенд пред тоа, за да посетите што е можно повеќе различни места и да одлучите каде ви било најубаво, највкусно и незаборавно!

 

На #СкопјеГурман гласањето за најдобар ресторан е на фер и демократски начин и секој може да го даде својот глас за најдоброто од секоја категорија. За да сè биде регуларно, еден корисник смее да гласа за само еден избор во соодветната категорија.

Тимот на Групер неуморно ги бараше најдобрите специјалитети во градот и ја склопи листата од 70 одбрани ресторани кои учествуваат во трката за најдобар ресторан, меѓутоа секогаш финалниот збор и избор го имате вие!

Имајте прекрасна Недела на храна, гурмани!

Ве сака,
(Секогаш гладниот) Тим на Групер

 

Лина Ламбринидис

Лина Ламбринидис

Social Media and Digital Marketing