Малку закаснето, но сепак стигна добро познатото скопско лето, а со тоа сигурни сме дека и паметот на повеќето од вас ви лета некаде покрај море, на убава плажа со освежителен пијалок во рака. Затоа подолу издвоивме неколку топ дестинации за летен одмор, кои можете да ги најдете на grouper.mk по најдобри цени. Знаеме дека нема да ви биде тешко да одберете зделка по ваша мерка, туку потешко ќе ви биде да одлучите која да ја купите 🙂
Зошто?
- Прво, Санторини е најпознатиот грчки остров, каде можете да видите автентична грчка архитектура, магичен поглед и зајдисонце за паметење.
- Второ, единствена е можноста да се ужива во елеганцијата на бело сината комбинација на бои и уникатните плажи со црвен, црн и син песок
За кого?
- За романтични души – Без разлика дали сте млад заљубен пар, штотуку венчани или пак прославувате уште некоја декада од вашиот заеднички живот
- За фото фанантици– Ако сакате да ги имате најубавите летни фотки со пејзажи, тука дефинитивно може да ги направите
Ако не сте знаеле:
- Санторини секоја година е меѓу топ 10 најдобри дестинации во светот.
http://grouper.mk/skopje/deal/splendour-santorini
Зошто?
- Можеби не е во регионот, но ова е дефинитивно ретко место каде може да имате истовремено мирен и опуштен одмор и возбудливи карневалски вечери.
- Реткост е да најдете место со бескрајно бели песочни плажи и тропски шуми
За кого?
- За парови кои сакаат романтичен одмор во недопрена природа.
Ако не сте знаеле:
- Тенерифе е остров со “вечна пролет”. Иако е блиску до брегот на северна Африка, во текот на целата година има топло време со просечна температура од 25 степени.
http://grouper.mk/skopje/deal/tenerife-puerto-de-la-cruz
Зошто?
- Затоа што е најпопуларниот грчки остров или уште попознат како Ибица на Егејското море.
- Тука загарантирано ќе ја најдете најлудата журка на плажа што трае до изгрејсонце, каде секако, е дозволено да го покажете вашето друго ЈАС 🙂
За кого?
- Млади или барем со млад дух и многу енергија
Ако не сте знаеле:
- Миконос е место каде може да ги најдете најлуксузните хотели од цела Грција и е на седмото место на листат најскапи дестинации во светот.
- Секое лето ќе начекате голем број светски ѕвезди, а и настапи на најпознатитие светски Dj-и како Армин Ван Бурен и Дејвид Гета.
http://grouper.mk/skopje/deal/akti-irini-superior-mikonos
3. Островите на Јонско Море (Кефалонија и Закинтос)
Зошто?
- Спој на зеленило и море со кристално тиркизна боја.
За кого?
- Одлични се за фамилијарни или друштвени одмори.
- За сите кои сакаат секојдневно да истажуваат нови прекрасни песочни плажи.
Ако не сте знаеле:
- Кефалонија е најголемиот и најзелен грчки остров на Јонското Море.
- Закинтос е познат како остров на желките, каде живее ендемичнитот вид на желки Caretta Caretta.
http://grouper.mk/skopje/deal/kefalonija-velas
http://grouper.mk/skopje/deal/zakintos-diana-hotel
4. Дубровник
Зошто?
- Најпознатото туристичко место на хрватската ривиера и еден од најубавите медитерански градови во светот каде се чувствува спој на неколку векови и култури.
- Тука ќе ги најдете некои од најстарите згради и тврдини во Европа, ќе вкусите уникатни медитерански специјалитети, а истовремено можете да се релаксирате на плажите во прекрасни заливи на Јадранското Море.
За кого?
- За сите кои уживаат додека истаржуваат нови места и култури.
- За оние тие кои летото не го замислуваат само со лежење на плажа туку сакаат давидат и научат нешто ново.
Ако не сте знаеле:
- Дубровник е сончев град каде сонцето просечно грее околу 7,5 часа во денот. Па доколку не стигнете летово да го посетите слободно одете во некој друг дел од годината.
- Европјаните го сметаат за Рај на Источна Европа, а УНЕСКО од пред 30 години го зема под своја заштита.
http://grouper.mk/skopje/deal/aranzman-sedum-nokevanja-dubrovnik
5. Будва и Херцег Нови
Зошто?
- Затоа што се најблиските и најубави денстинации на црногорското приморје
За кого?
- За оние кои не сакаат постојан проблем со лепење на песокот низ телото.
- За млади и постари југо носталгичари и за сите оние кои сакаат летни места со примеси на медитеранска клима.
Ако не сте знаеле:
- Херцег Нови е познат по големиот број различни врсти на цвеќиња и растенија донесени од сите краеви насветот. Како заштитен знак се цвеќињата -Мимоза.
http://grouper.mk/skopje/deal/aranznam-hb-hotel-adria-sport-hercegnovi
http://grouper.mk/skopje/deal/osumdneven-aranzman-jadransko-krajbrezje
Ова се само дел од дестинациите што може да ги најдете на Grouper.mk…. Се надеваме колку толку ви помогнавме, а ако ништо друго ви ја разбудивме имагинацијата 🙂 Ајде сега клик тука и побрзајте да си резервирате место на време. Имајте убаво и незаборавно лето!