Најсреќните добитници на наградната игра Smart празници со Grouper и Mastercard

Кога ќе се спојат две супер сили како Grouper и MasterCard да организираат наградна игра, не може да се очекува ништо помалку од одлична акција, журка со конфети и луди награди како Samsung Galaxy S7 и iPhone7! Со други зборови, Go big or go home, а ние дома не си одиме пред да донесеме широки насмевки на нашите верни Grouper корисници.

Како што ветивме на почетокот на Наградната игра со MasterCard, на 23.01.2017 година, во Facebook емисија во живо, ги извлековме двата најсреќни Grouper корисници кои купувале зделки со MasterCard картички во периодот од 15.12.2016 до 20.01.2017 и им ги доделивме најдобрите смарт телефони во моментот. Извлекувањето беше во наш стил, возбудливо, гласно, весело, откачено, фер и транспарентно. Скандиравме Мите, па скандиравме Соња и едвај чекавме да ги запознаеме и да им ги врачиме наградите.

Кралот на попустите Grouper и кралот на наградите Мите

blog_nagradi_mastercard-3

Мите и да не учествува во играта, пак ќе победи! Додека да кажеш Н, тој веќе ја добил НАГРАДАТА!

Мите е урбан дечко и репрезент на младата генерација која ги следи сите трендови и шеми, па секогаш е во тек со Групер (а Групер секогаш има нешто ново!) и веднаш забележавме дека одлично ќе му стои блескавиот и нов Samsung Galaxy S7.
Ни раскажа дека отсекогаш е вистински сречко и неретко добива награди. На наша радост, наградата отиде во раце на долгогодишен корисник на Grouper, купува најчесто од апликација и тоа се што е симпатично и корисно, од ситни производи до патувања, а неретко знае и да подарува со купон. Ја знаеше и нашата Viber chat група, што дополнително не освои и израдува (Мите пиши ни ако читаш! :)).

“Парно, струја, вода… она што ќе остане е за Grouper” – Соња

blog_nagradi_mastercard-5

Да знаевме која е Соња, веројатно и посилно ќе скандиравме кога ја доби наградата iPhone 7!

Со полно срце ведрина и полни раце торта влета во нашите канцеларии и не потсети зошто вредно работиме и сме секогаш посветени на корисниците. Не разбуди понеделнички, не размрда и разнежни со својата мудрост и добрина. Иако тоа беше и повеќе од доволно, тетка Соња и нејзиниот син Виктор, во знак на благодарност ни донесоа превкусна зелена Груперска торта, бидејќи никој не прави зелена руска и зелени кифлички 🙂

Соња го знаеше нашето мото и постојано повторуваше #ПрвоПровериНаГрупер и пола од проблемот е решен, како прво шопинг правило на мајка на две деца и посветен фармацевт, кој не секогаш има време да шета низ град. Објаснувајќи како секогаш пазари со MasterCard, ни раскажа за математиката “Парно, струја, вода… она што ќе остане е за Grouper”,со што заслужено влезе во Grouper историјата!

Драги Мите и Соња, ви честитаме од сè срце за добиените награди и ви благодариме што ни дадовте уште повеќе мотив и желба да работиме, да создаваме, да измислуваме, да подаруваме, да растеме заедно и да ја продолжиме успешната Груперска приказна!

Како и секогаш, најмногу ве сака Grouper!

Тимот на Grouper

Тимот на Grouper

Тимот на Grouper