По речиси 4 годишно постоење нашата политика за објава на зделки, ако сте забележале, е секогаш да понудиме разновидност. Односно во текот на една недела се трудиме да понудиме најразлични зделки во различни категории. Така на пример зделките на храна и пијалок се присутни со 1 зделка неделно најчесто. По еден гладен “brainstorming” на нашиот тим, дојдовме до идеја да направиме нешто поразлично – да ви понудиме храна и само храна оваа недела. Заборавете на готвење оваа недела и препуштете се на Grouper гастрономските искуства за сечиј вкус. Ви откриваме дел од зделките:
- За љубителите на благо: торти по избор од слаткарница со долгогодишно искуство
- За оние што сакаат да истражуваат нови вкусови: ориентална и морска храна
- За традиционалните грумани: чорба, месо, омлет, пакет ручеци и многу повеќе.
- За оние што се грижат за линијата: свежи салати и смутис
- И секако неделата не смее да помине без: добра пица
И не само тоа! Обезбедивме дополнителен 20% попуст при користење на купонот кај сите зделки кои го имаат беџот од недела на храна. Во секоја зделка може да се информирате повеќе.
А за сите љубители на кујната и готвењето имаме уште нешто. Фичо од “Мои Рецепти” за најпродаваната зделка ќе сними видео рецепт за да може сите да си ја спремите дома. Затоа купете ја, споделете ја, почастете некој ако сакате да го дознаете рецептот.
Со полн стомак и големо задоволство ја прогласуваме оваа недела за Grouper Недела на храна! Повелете нашето МЕНИ
Добар апетит!