Недела на бесплатна достава!

Кој нé следи знае дека бројот на производи на Grouper прогресивно расте. Без разлика дали се работи за кујнски додатоци, мали апарати, облека и модни додатоци, детски играчки па се до електроника и IT, ако проверувате прво на Grouper тогаш сте на прав пат. Знаете дека секогаш ги слушаме вашите совети и се водиме според вашите потреби, па во последниот временски период заедно со бројот на производи се зголемија и барањата за достава. Па така, покрај најдобрите цени на производите од сите категории, оваа недела ќе ве почастиме и со БЕСПЛАТНА ДОСТАВА!

Неделата од 15.03 – 22.03.2017 ја прогласуваме за НЕДЕЛА НА БЕСПЛАТНА ДОСТАВА во чии рамки за купени минимум 2 производи од оваа листа (со вкупна вредност од минимум 100 ден.) ќе добиете бесплатна достава на производите до вашиот дом!

Ако нешто може да се каже дека е врвот во онлајн купувањето тоа е следното: си скролам на мобилен, си наоѓам пример метално ѓезве (ми требаше одамна), сунѓер за шминка, преса за виткање, бонсаи дрвце, а може и уште некој производ плус, си кликам купи, си пополнувам податоци за достава и си продолжувам со денот. Пакетчето ќе ми стигне дома, јас си имам друга работа 🙂

Ете тоа е постапката: одбери минимум 2 производи > купи > остави адреса > чекај си пакетче!

Поздрав од нашиот доставувач a.k.a “Струја” 🙂

___________________________________________

EDITED 21.03.2017

Поради голем интерес неделата на бесплатна достава ја продолжуваме до 31.03.2017! Yuhuuuu!

Iva Trembelieva

Iva Trembelieva

Оперативен директор