Недела на храна official opening

Ние, Груперите, секогаш сме расположени за тимски дружби и седенки со по некој коктел, забaвни друштвени игри или креативни собиранки. Но една од главните работи што го поврзува Grouper тимот е присуството на секогаш големиот апетит и желбата за добра храна во било кое време и при секоја дружба. Бидејќи сме вистински хранољубци, кои со голема љубов и посветеност ја креираа Недела на Храна #СкопјеГурман, приредивме достојно отворање на најголемата гурманска кампања во градот, со дегустација на неколку зделки од скопските ресторани.

Со цел да ја задоволиме сечија желба во тимот и да пробаме што повеќе вкусови, организиравме after work пикник на неутрален терен (во парк :)) со јадења од  take away  зделки од секоја категорија од менито на Недела на Храна, пропратени со офисмејд измиксани коктели.

На оваа груперска гозба имаше од се по нешто – пица и бургери без кои не би си го замислиле животот, 20ка со кромид и буковец, салати за колешките што пазат на линијата, суши и корејски специјалитети за експериментаторите, full протеински оброци за колегите што интензивно се спремаат за на плажа, колачиња и десерти за они со понизок шеќер (во принцип сите, без исклучок)…..

Биле и Драгана како веќе искусни дегустаторки  пробаа од се по малку за да се уверат дека е направен правилниот избор :). Сите се заљубиjа во бургерите од Мекиците од Стража, Mr Burger и уникатниот хулк бургер од Prote.in, а на трииии че- ти-риии ги снема вкусните ќебачиња од Тетекс и донерот од Delibox. За прв пат пробавме yakimanu (корејски тестенини) од Korean BBQ Tree House  и овошни sweet sushi rools од Sushico, а на крај се почастивме со кремаста чоколадна вафла од Juice Bar Divan.

Дека одлично беше, е многу малку да се каже за тоа како навистина си поминавме, но затоа ќе пробаме со неколку фотки да ви доловиме дел од дегустациската атмосфера.

 

Dragana Gjokik

Dragana Gjokik

Маркетинг и продажба