Скопје Гурман ти ќе бидеш! Стартува #НеделаНаХрана

Дали конечно дојде Јуни? Дали е веќе 5ти Јуни и дали е време за Недела На Храна на Grouper?

Да! Помина цела гладна година, но тука е, време е и конечно ја дочекавме највкусната Груперска акција, кампањата за гладни, стрвни, гурмани, јадачи, ресторанџии, кафанџии и дегустатори.

Слатки и солени наши Групери, на 5ти јуни почнува НАЈГОЛЕМАТА КАМПАЊА ЗА ГУРМАНИ ВО ГРАДОТ која ќе го претвори Скопје во најгурманско место за дегустација, со преку 50 врвни ресторани кои ќе понудат над 100 гурмански зделки по најдобри цени и ќе ги полудат вашите сетила со разновидна домашна и интернационална кујна. Значи од 5ти јуни ем нема готвење ем има јадење и избор – се што може да се посака!

Најбогатото гурманско мени во 7 дена

Гурманското доживување #СкопјеГурман, започнува на 5ти Јуни на полноќ. Секој ден ќе носи своја тема и во текот на 7те гурмански денови ќе понудиме храна и пијалок дури и за најпребирливите јадачи. За сештојадите и љубителите на сите категории ќе биде вистински предизвик да се одбере од огромниот избор на пица, паста, бургери, мезиња, салати, скара, десерти, риба, месо, смути, азиско и вегетаријанско јадење.

Ресторан за сечиј вкус од секоја категорија

#НеделаНаХрана е единствена и најголема скопска гурманска акција и најкорисен водич за скопските fine dining ресторани, кафани, Lounge барови, кафулиња, пекари, слаткари и fast food места. Од 5ти Јуни, ќе може да го искусите градот со сите сетила, да посетите места за прв пат и да доживеете нови вкусови, а секако се ова по супер ниски цени.

nedela_na_hrana

Фото натпревар #СкопјеГурман

За акцијата да биде уште повозбудлива и послатка, за гурманите со натпреварувачки дух го најавуваме #СкопјеГурман Photo Contest-от на Facebook и Instagram! Со една вкусна фотка, зелено Grouper знаменце и share на Facebook или Instagram натпреварувај се за вреден Делимано подарок… Инфо ТУКА.

Избор на најдобрите во своите категории од Grouper заедницата

Очекувајте врвна услуга и квалитетна храна, бидејќи рестораните се во трка за титула Најдобар ресторан во својата категорија. Во текот на кампањата, не заборавајте да го дадете вашиот глас за најдобрите кои ви приредиле вистинско гурманско искуство и ги надминале вашите очекувања. Ќе се гласа во следните категории: најдобра паста, најдобра пица, најдобар бургер, најдобар десерт, најдобра азиска храна, најдобра салата, најдобра скара, најдобар ќебап и најдобар hangover појадок.

Излезете од кујната и уживајте со омиленото друштво во локалните ресторани и вкусете го Скопје по непобедливи Grouper цени. 

Ве поздравуваме со оваа гурманска најава зготвена со тимот на Reborn

Скопје Гурман ти ќе бидеш,
Скопје ти ќе бидеш сит,
пица, бургер, палачинки,
се на само еден клик!” 

Stay hungry, stay gourmet!
Ве сака Гурманот Grouper

Тимот на Grouper

Тимот на Grouper

Тимот на Grouper