Недела на храна со Grouper

Нашиот тим е секогаш гладен, а уште повеќе кога станува збор за вкусни зделки. Омиленото прашање во офис ни е “Што ќе јадеме денес?”. Гладни или најадени секогаш сме расположени за нови предизвици и креирање интересни активности за вас. Така кога љубовта и вештините на тимот ќе се спојат резултатот е ремек дело. Групери, на наше големо задоволство ви ја преставуваме… нејзино височество —> “Недела на храна”!  Untitled-2   Од 6ти до 13ти Јуни ќе бидат објавени над 50 зделки за Храна и Пијалок! Покрај можноста да пробате нови вкусови, да посетите нови места, да ги задоволите апетитите, а воедно и да се ослободите од готвење тој период, спремивме дополнително изненадување  —> 10 ВИКЕНД ПАТУВАЊА ЗА ДВАЈЦА! Си бираш зделки по твој вкус, купуваш со попуст,  јадеш и уживаш и плус можеш да освоиш патување. Мераци! Како да освоиш патување? Секако со натпревар!

Како да учествуваш? Има 2 начини:

1. Фото натпревар на Instagram  Купи зделка за храна, оди во ресторанот да ја искористиш и фотографирај го јадењето (пожелно на Grouper подметачот кој ќе го добиеш во ресторанот или со летокот доколку храната е “за носење”). Потоа сподели ја фотографијата на Instagram со хаштаг #ПрвоПровериНаGrouper заедно со локацијата на ресторанот + тагни не (@groupermk) *Важно: профилот треба да е public за да можеме да ја видиме сликата. и/или

2. Натпревар во зделки за храна Купи над 5 зделки за храна и уживај во нови вкусови! Со купување на што повеќе зделки ги зголемуваш шансите да добиеш патување. Можеш да учествуваш преку едниот, другиот или преку двата начини.

  • 5 патувања ќе бидат доделени на 5те најсочни и вкусни фотки кои ќе бидат споделени на Instagram
  • 5 патувања ќе бидат доделени на големите најсреќни гурмани со најголем број на купени зделки од Недела на Храна. Добитниците ќе бидат рангирани според бројот на купени зделки за храна. Доколку има повеќе корисници со ист број на купени зделки за храна, патувањата ќе бидат доделени со извлекување по случаен избор. Условот за учеството преку овој начин е да имаш купено над 5 зделки за храна.

Патувањата кои имате можност да ги освоите се следниве:

  • 2 ноќевања со појадок и вечера за двајца во Vihren Palace 4* (Банско)
  • 2 ноќевања + рафтинг за двајца во СРЦ Тара Рафт (Босна)
  • 2 ноќевања со појадок и вечера за двајца во All Seasons Club 4* (Банско)
  • 2 ноќевања со појадок за двајца во Monte Cristo Spa Hotel (Благоевград)
  • 2 ноќевања со појадок за двајца во Royal Bansko Aparthotel (Банско)
  • 2 ноќевања за двајца во студио во The Balkan Jewel Hotel (Разлог)
  • 2 ноќевања за двајца во Вила Инекс (Охрид)
  • 2 ноќевања за двајца во Vila La Kola (Крушево)
  • 2 ноќевања за двајца со појадок во Апартмани и Ресторан Шутиноски (Вевчани)
  • 2 ноќевања за двајца во Вила Тоше Д (Крушево)

Нашиот совет до вас е јасен ем добронамерен: Фрлете ги тенџерињата од 6ти Јуни. Препуштете се на нови вкусови во над 30 локали. Уживајте со пријателите и саканите. Видете се со некој пријател со кој “договарате” средба со месеци (добрата зделка е одличен повод). Учествувајте во натпреварот за патување. Уживајте. Сакајте се. Ние ве сакаме ❤ (гладни и најадени).

И замаптете: “Љубовта доаѓа од срцето ама поминува низ стомакот”. Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата за уживање во купувањето во движење и користење на купоните веднаш! slika-logoa * Наградите ќе може да се искористат во период од 20.07.2016 до 30.09.2016 со претходна резервација. * Добитниците ќе бидат објавени на 20.07.2016.

Iva Trembelieva

Iva Trembelieva

Оперативен директор