Наоѓањето на соодветен подарок за сите сакани кои ги имате на листата за празниците може да биде вистински предизвик. Сите сакаме да даваме и да примаме подароци, (некои повеќе едното, некои другото) ама има некои ситуации во кои сите сме се нашле при овој процес на подарување. Дали вие сакате да знаете искрено кога некому не му се допаѓа подарокот кој сте му го купиле? 🙂 Дали ви пречи ако лицето сака да го замени подарокот?
Истражувањето за навиките при отворање на подароци спроведено од OnePoll во кое учествувале 2000 американци покажало дека во просек на човек му се потребни 5 секунди за да знае дали му се допаѓа подарокот, a во однос на искреноста на реакциите еве ги резултатите:
- Дури 70% од луѓето ја “глумат” реакцијата кога отвораат поклон, а 8 од 10 американци одговориле дека се преправаат дека им се допаѓа подарокот дури и кога не го мислат тоа искрено. Само 10% одговориле дека би кажале искрено ако не им се допаѓа подарокот.
- Жените се поголеми фејкери од мажите, односно 77% одговориле дека регуларно ги лажираат реакциите за разлика од мажите (63%). Друго интересно сознание е дека дупло поголема е веројатноста маж да каже кога не му се допаѓа подарокот или 17% за разлика од само 9% од жените кои би кажале.
- Што се однесува до возраста, искуството за фејкување на рекациите се зголемува со годините. Само 8% од испитаниците над 55 години кажале дека се искрени ако не им се допаѓа поклонот.
- Од друга страна не сите се толку добри фејкери колку што си мислат. Дури 37% од испитаниците кажале дека знаат кога некој “глуми” а всушност не му се допаѓа подарокот.
Како да знаете кога на некој не му се допаѓа вашиот подарок? Еве ги најчесто користените фрази при “глумата” на отварање поклон:
- Лелееее
- Не си требал
- Леле многу ми се свиѓа
- Баш ми требаше ова
Овие фрази може да се пропратени со некои однесувања како:
- Долго гушкање за да се избегнат дополнителни незгодни прашања
- Зјапање во подарокот
- Воодушевеност
А од друга страна ја имаме и класика реакцијата на оној кој подарува: “Искрено ако не ти се допаѓа нема лутиш, ќе ти ja дадам фискална сметка да го смениш”…
И додека има многу добри глумци меѓу нашите пријатели и фамилија истражувањата покажуваат дека најдобрите подароци кој ќе изнудат вистинска искрена реакција најчесто се персонализирани подароци како искуства.
Еве ги ТОП 10-те нешта што треба да ги земете во предвид за СОВРШЕН ПОДАРОК:
- Карактерот на лицето на кое му подарувате
- Неговото хоби
- Сентименталност (какви слатки сака)
- Стил/изглед (што носи)
- Инспирација
- Што е во тренд моментално
- Накит
- Интерни шеги кои ги имате
- Tech (дали е tech geek)
- Буџет
На крајот на денот го имате Grouper за да го најдете совршениот подарок со неколку клика. Совршениот подарок оди заедно со пораката која сакате да ја пренесете.. масажа на колегите што вредно работеа цела година, онлајн курс за некоја нова вештина на пријателот кој размислува да смени работо место, часовник на саканиот кој е секогаш пред времето или со симболика на “безвременска љубов”, спортска опрема на другарката што се слика на вежабње, подарок за домот за ново вселените кумашини за топол дом или безброј играчки за најискрените.
Бираш подарок на раат, купуваш купон, добиваш попуст и плус овие празници со секое купување со Mastercard учествуваш во извлекување за iPhone 7 и Samsung Galaxy S7.
За last-minute подароци симни ја веднаш мобилната апликација на Grouper за iOS – ТУКА и за Android – ТУКА!
Ho, ho, ho
Со љубов од елфовите на Дедо Мраз