Нина Ангеловска избрана од Forbes!

Точно на 22ри јануари наполнивме 7 години. Ја стартувавме нашата златна роденденска кампања – Златни Зделки. Но паралелно се случи и уште едно златно изненадување. Нина Ангеловска беше избрана од Forbes и се најде на “30 under 30” листата од триесет најдобри и најветувачки претприемачи на ниво на Европа! #ForbesU30Europe

На истиот ден со нашиот роденден (22 јануари), со гала коктел во познатиот клуб 100 Wardour St. во Лондон, Forbes ја објави листата“30 Under 30 Europe” која истакнува 300 најдобри претприемачи, лидери и иноватори од Европа во 10 индустрии. Помеѓу избраните има претставници од 34 држави, меѓу кои славни личности како Дуа Липа, Рита Ора, актери од серии како Game of Thrones, Stranger Things итн, а најважно од сè, Македонија има дури двајца претставници – Нина Ангеловска од Grouper.mk и Жарко Димитриоски од Еден на Еден.

Инаку, шансите за влез во Frobes Under 30 се помали од шансите за влез на Stanford и Harvard односно 3-6% од ијадници номинации. Се надеваме дека Македонија е горда и ќе го препознае ова големо признание.

Главниот извршен директор за содржини и уредник од Forbes, Rendall Lane, на самиот настан истакна дека оваа година имале преку 20.000 номинации од кои се одбрани најдобрите 300. Воедно им порача на одбраните да бидат горди дека ова е најпрестижниот клуб на млади луѓе во Европа, во кој е најтешко да се влезе.

Нина Ангеловска, 29, коосновач на Grouper.mk е одбрана меѓу 30те најдобри во Retail & eCommerce
Во 2011 година, на 21 годишна возраст Ангеловска победи на натпревар за најиновативен бизнис план и неколку месеци подоцна го лансираше Grouper, првиот сервис за групно купување во Македонија кога само 1% од македонците купувале онлајн. Grouper денес има повеќе од 2500 соработници и над 170.000 регистрирани корисници. Нина е доктор на на науки, говорник на многу настани, предавач, тренер и консултант во полето на маркетинг и е-трговија. Во 2016 година Ангеловска беше препознаена како една од 100 жени основачи во Европа од страна на германскиот магазин TheHundert.

Листата за сите 10 категории може да ја погледнете ТУКА 

На здравје за уште многу нови успеси и предизвици кои следат, за Нина, за Grouper и за цела Македонија!

nina-angelovska

Iva Trembelieva

Iva Trembelieva

Оперативен директор