Нов изглед на купоните

Ако нѐ следите во последно време ќе забележите дека мултитаскингот ни е еден од омилените принципи на работа, па меѓу другите новини, дојде на ред  да се промени и подобри изгледот на купонот. Зошто е подобар новиот изглед? Погледнете го истиот во прилог.

proba

Најпрво, за сите оние кои сакате да подарувате креативни подароци и купони за нови искуства, добрата страна на овој купон е во тоа што нема да биде наведена цената на истиот, па нема да дозволи да Ви е непријатно кога подарувате 🙂 Ако се пронајдовте во оваа група, задолжително проверете ја опцијата за подарување на Grouper Book!

Прегледноста беше примарна и водечка карактеристика кога пристапивме кон новиот дизајн, и тоа е постигнато со редуцирање на непотребен текст, и потенцирање на информациите кои се важни за корисникот при употреба, и за компанијата при проверка, на пример: валидност на купонот, уникатните кодови, и податоците за компанијата.

Кога сме веќе кај податоците за компанијата, истите се детално наведени на купонот вклучувајќи го и работното време. Доколку станува збор за компанија која се наоѓа на повеќе локации, сите потребни податоци за истото се исто така достапни на купонот. Комплетното инфо за компанијата можете да го добиете со кликање на името на истата, кое е всушност линк врзан за профилот на компанијата, каде може да ги разгледате сите детали, како и изминати зделки.

Понатаму, во согласност со заштита на животната средина, целта е да се потроши минимум хартија при печатење на купонот, за коешто сега е доволен само еден лист, односно информациите се содржани на една страница. Во секој случај, од сега па натаму во соработка со компаниите, купоните може да ги прикажете онлајн од Вашиот смарт телефон или таблет, и не е задолжително печатење на истите. Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!

Iva Trembelieva

Iva Trembelieva

Оперативен директор