НОВИТЕТИ за БЕСПЛАТНА ДОСТАВА

Неделата на бесплатна достава помина одлично! Оваа акција повторно не зближи со многу корисници низ цела Македонија, а им го олесни купувањето и на оние од Скопје. Знаете дека секогаш гледаме, бараме, откриваме и ги слушаме вашите желби.

Секоја идеја, барање и порака не ставаат во акција, а од акција до реализација се вклучува целиот тим на Grouper вредни мравки кои во најскоро време ќе ја реализираат секоја вашата желба. Овој пат, таа желба е повторно бесплатната достава. Па со задоволство ве известуваме дека оваа акција продолжува и тоа со многу новитети.

Процесот за достава го усовршивме и поедноставивме за да имате одлично и вистинско онлајн шопинг искуство. Непосредно при купување, односно веднаш штом ќе кликнете на копчето КУПИ има опција да ги внесете податоците за достава.

screenshot_2

 

По успешната трансакција добивате повратна порака и чекате да ви стигне посакуваниот производ на адресата која сте ја оставиле. Многу едноставно, нели? Секако за да не треба секој пат повторно да го правите ова, можете слободно да си ги пополните податоците во вашиот Профил на Grouper и при следното купување полињата ќе бидат автоматски внесени.

Исто така, се разбира дека има можност и сами да го подигнете производот, а за тоа треба да ја одберете само оваа опција, односно да го чекирате ова поле:

screenshot_3

 

Одбравте што ќе си нарачате? Со избор од над 900 производи сигурно ќе го најдете тој кујнскиот додаток што одмна ви фалеше, или можеби време е да се смени стариот тостер, или ќе израдувате некое детенце или можеби сé од ова на куп? 🙂 Што и да е, ќе биде со бесплатна достава! #ПрвоПровериНаGrouper

И без мобилна апликација никаде не се тргнува! Симнете си ја овде.

 

Секогаш ваш,

Grouper

Iva Trembelieva

Iva Trembelieva

Оперативен директор