НОВО! “Add to cart” опција!

Летово бевме вредни и покрај на кампањите кои следат, работевме и на долго посакуваната опција “Add to cart” или кошничка. Во последниот период добивме и многу барања од вас, нашите корисници за оваа опција и се разбира дека вашите желби се наша мотивација и приоритет! Затоа денес со задоволство ве известуваме дека опцијата “Add to cart” е конечно live на Grouper!

“Add to cart” ја дава можноста да купите повеќе зделки одеднаш, а плаќањето на крај се врши со една трансакција. Купувањето е лесно, брзо и со еден клик!

Во горниот денес агол може да ја видите кошничката до која со црвено знакче е означено колку зделки имате внесено во неа. Во моментов секако тоа е 0, па да започнеме со купувањето 🙂 Инаку промените важат за било какво купување, од десктоп или од мобилните апликации за Android и iOS. Апдејтирајте и старт browsing 🙂

Ви ја преставуваме Кошничката

koshnichka

 

 

Прв чекор: Бирате што сакате да си купите

Прв чекор е избор на зделките кои секако сакате да ги купите.

Со кликање на копчето КУПИ, автоматски ја додавате зделката во кошничка. Секако ова не значи дека сте ја платиле, туку дека сте ја зачувале во кошничка со цел да ја платите подоцна. По кликање на копчето КУПИ автоматски се отвора кошничката каде може да направите преглед на она што сте го додале во истата. Над прегледот на зделката може да го видите известување дека имате 1 зделка во вашата кошничка. Доколку сакате да додадете нови зделки во кошничка го бирате копчето “Продолжи со купување >”

edna-zdelka-vo-koshnichka

 

 

 Продолжуваме со изборот на зделки и додавање на истите во кошничка

Продолжуваме со купување на наредни зделки. Бираме следна зделка, кликаме на КУПИ и таа се додава автоматски во кошничка. Во секој момент може да видиме колку зделки сме одбрале да додадеме во кошничка, со црвениот бројчаник до иконката, кој во моментов означува 2 зделки. Имајте во предвид дека ова е број на зделки, не број на купони.

dve-zdelki-vo-koshnichka

 

 

 

И да не заборавам дека денес сакав да си купам и масажа, па продолжувам со купување понатаму додека не ги одберам сите посакувани зделки, пред да направам плаќање. Купување на секоја зделка го следи истиот принцип како претходно. Сега имам три зделки во мојата кошничка и сум спремна да продолжам кон наплата.

prodolzhi-kon-naplata

 

Комплетирање на нарачката

Мислам дека тоа ќе биде за денес, па одам да си ја комплетирам нарачката и да си направам вкупно плаќање на сите три зделки со една трансакција.

Кога ќе кликнете на кошничката имате листа на зделки кои сте ги додале и секако имате можност да ги едитирате, додадете, одземете пред да направите плаќање. Исто така тука во овој скрин може да ја регулирате количината односно бројот на купони од секоја зделка со едноставно кликање на копчето +

Во моментов се одбрани сите зделки за да се купат и од десната страна ја имате вкупната сума за плаќање. Со кликање на самото копче може да направите селекција или да ги одселектирате зделките кои ги имате додадено во вашата кошничка. Доколку сакате да отстраните одредена зделка само кликнете на копчето Избриши.

tri-zdelki-vo-koshnichka

 

Откако сте сигурни дека сте го направиле саканиот избор кликате на копчето Продолжи кон наплата и ја комплетирате трансакцијата исто како досега, со тоа што плаќањето е вкупно за сите одбрани зделки и се прави во една трансакција. По успешното купување, покрај купоните во делот Мои Купони на вашиот профил, ќе добиете и емаил порака со детали за вашата нарачка.

А сега да го проследиме и начинот на купување со оваа опција преку мобилната апликација за Android.

Кошничка кај Android

Откако сте одбрале кои зделки да ги купите, секако се менува бројката на количина во Вашата кошничка. По истиот принцип може да додавате и одземате зделки од кошничката. Можете да ги селектирате сите зделки или ни еднаДоколку додадете зделка со бесплатнта достава имате опција да додадете адреса за достава или да ја промените посточеката адреса. На крај преостанува да ја комплетирате нарачаката со избор на начин на плаќање.

Епа среќно купување дечки! 🙂 Зделките ве чекаат на www.grouper.mk

 

Iva Trembelieva

Iva Trembelieva

Оперативен директор