Дека сме љубители на шетање потврдивме со стотици активни зделки за патувања и секако со новата кампања Доживеј Ја Македонија, каде се надеваме дека ве поттикнавме да се вклучите во мала екскурзија низ земјава. Во меѓувреме лека полека го испративме летото (не би го надополниле со епитетите долго и топло) па како што е редот почнуваме со навремено планирање на патувањата за време на зимскиот период. Прво прашање што ни падна на памет е добро познатото”Каде за Нова година?” што ние почнуваме да го форсираме уште од сега 🙂
Епа драги групери, точно од денес одбројуваме 100 дена до Нова Година, а по тој повод ги припремивме првите Early Booking неодоливи новогодишни зделки за Банско! Си букирате со време, во топ хотел, по неповторлива цена и си уживате на планина без нервози и притисоци пет дена пред Нова Година. Чиста работа!
Еве зошто треба да го одберете Банско за ваша новогодишна дестинација:
Прво, имате можност да престојувате во одлични хотели по најдобра grouper цена!
Второ, пејзажот од планина со снег, осветлени улички и запален камин е вистинска новогодишна идила, која не смеете да ја пропуштите. За оние кои сакаат повеќе од комфорот во својот хотел, можат да се забвуваат во некој од баровите и кафичите, кои во Банско ви се на сам дофат.
Трето, после новогодишната ноќ сигурно добро ќе ви дојде да се “одморите” во детокс сауна, или да се опуштите во топол базен или џакузи
Четврто, релаксација на ЧИСТ ВОЗДУХ е добредојдена во секое време особено во зимскиот период (Poke за Скопјани)
Петто, оние неуморните ќе имаат можност да уживаат во празнична партија скијање или санкање на бел крцкав планински снег.
Ова се само пет од безброј добри причини кои ќе ве натераат уште веднаш да се впуштитие во организација и да го изненадите друштвото со веќе подготвен нацрт план за новогодишната ноќ.
Погледнете ги сите хотели тука и најдете си зделка по ваша мерка!
Среќна Нова Година 100 дена однапред 😉
Се читаме наскоро,
XOXO