Olpeo е специјализирана продавница за корејска козметика која од 2020 година стана дел од Grouper Shopping Mall. Во продолжение ви спремивме интервју со Маја Кировска која ќе го сподели своето искуство за брендот и K-beauty козметиката во овој регион.
На кратко објаснете за брендот Olpeo

Olpeo е бренд на продавници специјализиран за корејска козметика и е единственa продавница од ваков тип во нашата земја. Во моментов имаме две физички продавници, во Градскиот трговски центар во Скопје и Palma Mall во Тетово. Кога за прв пат ја посетивме Јужна Кореја, бевме воодушевени од дизајнот на продавниците за козметика во Сеул, мноштво од бои, зеленило, форми…
Сакавме да им понудиме слично K-beauty шопинг искуство на купувачите и на нашиот пазар. Примарната дејност на нашата фирма е дизајнот, па така идентитетот и дизајнот на ентериер на Olpeo се дело на нашето дизајнерско студио Хибридеас. Најпрво го одбравме името Olpeo, како уникатно и оригинално име ширум светот, кое почнува и завршува со буквата „О“ која со својата кружна форма симболизира регенерација и континуирано обновување. Потоа за брендот создадовме модерно, геометриско и едноставно лого кое го претставува единството на природата и човечкиот напредок во технологијата.

Козметиката е најпродавана категорија изминативе две години во онлајн светот. Какво е вашето искуство и што најмногу се купува?
На почетокот на пандемијата многу бизниси беа погодени од кризата, ние очекувавме пад на продажбата на козметика, бидејќи никој не знаеше колку ќе трае, како ќе се одвива животот и кои ќе бидат приоритети на луѓето. Изненадувачки, слободното време поминато во домовите во времето на карантин ги натера луѓето да си посветат повеќе време на себе, а тука е и негата на кожата, со што побарувачката на козметика се зголеми. Неочекувано почнавме да добиваме голем број пораки за тоа дали вршиме достава, дали имаме онлајн плаќање и сл. Имавме веб-страна но немавме вистинска веб продавница со онлајн плаќање и затоа понудата на Grouper за брзо и поволно отворање на онлајн продавница веднаш ни го привлече вниманието. Дополнителна поволност беа и маркетинг активностите на платформите на Grouper кои доаѓаа со пакетот. Не се двоумевме, веднаш се приклучивме на платформата на Grouper Shopping Mall. На тој начин им обезбедивме практично и безбедно шопинг искуство на нашите клиенти.
Сведоци сме на огромната популарност на корејската козметика во Европа, на што се должи тоа?
Корејската козметика e веќе една од најпопуларните во светот благодарение на својата индустрија заснована на истражувања кои ги обединуваат традиционалната медицина со најновите научни откритија. Цените на производите се доста поволни за квалитетот кој го добива купувачот. Не е потребно да водиме агресивен маркетинг бидејќи тоа е козматика која има делотворни состојки во доволни количини и благодарение на добро избалансираните формули дава видливи резултати за релативно кратко време на употреба. Препораката од задоволен купувач е најдобра реклама, па така информацијата брзо се шири меѓу купувачите.
Овој тренд попознат како К- beauty (К-убавина), не зависи само од производите кои се употребуваат, туку бара посветеност и истрајност во грижата кон кожата, пристап со кој на природен начин, од внатре, се стимулира здравјето на кожата до нејзин убав изглед. Често пати се зборува за корејската нега на лицето, каде не станува збор за употреба на еден магичен мултифункционален производ, туку за рутина во повеќе чекори каде различни производи се нанесуваат еден по друг во слоеви, најчесто од најтечниот кон најгустиот.
Која рутина ја препорачувате за млада, проблематична и зрела кожа. Дали може да ни кажете предлог производи?
Специфично е што нудиме персонализирани рутини според секој тип на кожа и возраст. Ги составува нашиот skincare советник Никола Симовски и овие рутини вклучуваат од 4 до 8 производи, најчесто од различни брендови и линии, зависно од потребите на секоја кожа.

Она што е специфично за корејската козметика и рутините за нега е дека тонерот е неизоставен дел. Ќе ги издвојам брендовите Dear, Klairs и By Wishtrend кои имаат свој YouTube канал каде препорачуваат рутини составени за различен проблем на кожата. Па така според нивните препораки ќе ја издвојам рутината за проблематична кожа со акни која дефинитивно има одличен ефект. Овде се користи ампула со прополис и гел со сулфур за поинтензивен третман и отстранување на акните (By Wishtrend Sulfur 3% Clean Gel). На областите зафатени со акни, локално се нанесува гелот со сулфур за специјален третман и отстранување на акните.

За зрела кожа ги препорачувамe прозиводите на Mizon особено нивната Snail Repair линија, достапна во големи пакувања како и во мини сет соодветен за проба и патувања. За млада кожа ќе ја издвојам хидратантната рутина на Dear, Klairs.
Драги наши корисници би сакале да ве информираме дека по повод три години од отварањето на првата Olpeo продавница во ГТЦ во Скопје, ви подготвивме роденденски попуст до 50% на сите производи. Не ја пропуштајте оваа промоција која ќе трае до 28 февруари.
Онлајн продавницата на Olpeo можете да ја видите ТУКА.