Онлајн саем за мебел само на Grouper!

Лани ова време имавме еден интересен brainstorming во нашите канцеларии. Нормално, дискусијата беше дека се е подобро онлајн отколку офлајн. Дека секогаш е подобро да си разгледаш на раат од дома или додека си некаде на кафе. Ова беше само интро за генијалната идеја што ја имаше Цуре за онлајн саем за мебел. Таа идеја прерасна во прекрасна кампања, а веќе знаете дека кај нас во Grouper кога нешто е добро станува традиција. Затоа годинава, по втор пат, го организираме единствениот онлајн саем за мебел со повеќе компании, поголем избор на производи и што е најважно подобри цени и попусти 🙂

Значи онлајн: Не треба да чекате ред, турканици, гужви, или па некој пред вас да ви го земе омиленото парче мебел.

Сега можете да си седнете со лап-топ или телефон (сите што ја немате апликацијата може да ја инсталирате ТУКА) и да почнете да разгледувате и да пребарувате.

Има уште само една недела до големото пролетно будење, се поздравуваме со зимата “чао-чао”, и ја дочекуваме новата сезона со нови идеи за освежување дома, во канцеларија, во двор, во викендица…Ова е супер повод да си ја купите лампата која ви треба одамна за во спална, или да ја смените чешмата која и не е веќе функционална, а и кој не сака нова софа за релаксација во дневна пред телевизор?

Оваа година заедно со Domitalia, Sofa Studio, Kares, Tehnokoop, Интер Мебел, Шипад, Леснина Ми, Jugoexport Stil и многу други брендови ќе го направиме овој саем за мебел да биде се што ви треба!

СТАРТ: 21ви март

И за крај, да ве потсетиме со топ 3 причини зашто секогаш е подобро да купувате онлајн:

  • ЗАШТЕДА: заштедувате пари, заштедувате време и трошоци за транспорт
  • СПОРЕДБА: можете да разгледате подобро, размислите поубаво и да направите споредба на цените и моделите
  • ИЗБОР: можете ако сакате да гледате со часови без да се уморите и можете да купувате во било кое време од делот на денот или ноќта

Бидете кај нас на 21ви, ќе биде топ 🙂

Нена Синадиновска

Нена Синадиновска

Маркетинг и продажба