По напорна 5 месечна работа на 21 Јануари на Плоштадот на град Скопје беше отворен првиот веб сајт за групни попусти. Отварањето го планиравме и организиравме речиси еден месец, балон на топол воздух требаше да се крене на Градскиот плоштад за да го означи отворањето на нешто ново и големо, односно лансирањето на првиот веб сајт за групни попусти кај нас во Македонија. Музика, бенд, 400тини гости, пријатели, случајни минувачи и температура од минус 5 степени и снег 🙂 По многу обиди на ветрот и снегот балонот успеа да се крене колку што можеше.
Но како и да е.. ја пуштивме првата зделка (80% на дневно користење на спа центарот во ТЦЦ Плаца) и продажбите почнаа да течат. Чувството на првите продадени купони нема да го заборавиме. Чувството на зголемување на бројката на продадени купони на секој refresh беше како инекција адреналин после толку напорни месеци и толку скептици во концептот.
Повелете Фотографии од отворањето на плоштад
После неколку месеци Андреј кој ја доби главната награда на отворањето, која беше доделена на оној кој ќе даде најточно предвидување за тоа што ќе биде првата зделка го однесовме на летање со балонот. Повелете Фотографии од летањето со балон на топол воздух