Кампања посветена за сите авантуристи ⛰️ Outdoor shop & Activities

Дечки сигурна сум дека сите се сложувате дека месец мај е еден од најубавите месеци во годината. Најпрво од сѐ, е што доаѓа сонцето и не си оди сѐ до октомври. Во месец мај цветаат сите цвеќиња, сите паркови се разубавуваат, стануваат неодоливи за гледање, за шетање, возење велосипеди, за дружење и „главење” до зори… Eдноставно животот станува поубав.

Затоа, заради будењето на авантуристичките желби, заради страста кон вежбањето и рекреацијата, заради сите верни спортисти и неуморни вежбачи во соработка со Mastercard ви спремивме специјална Outdoor shop & Activities кампања со најдобри попусти и најдобри цени, а што е уште поинтересно слатки Grouper подароци!

СТАРТ: 08.05.2019
Значи, во вторник на полноќ сите на Grouper!

Ако и ти си еден од многуте што чекаа да помине зимата и да се појави сонцето за да почнеш со возење велосипед до Водно и назад по стрмните патеки, ако и ти чекаше да се стопли за да почнеш да трчаш и да се спремаш „полека” за наредниот маратон или да стекнеш кондиција за играње баскет, фудбал и сл. тогаш сега е вистинското време!

Сега е шансата да ги купите омилените патики, спортска опрема и аксесоари или велосипедот што одамна ги посакувавте по најдобра цена! Плус имате можност да пробате некоја нова интересна и адреналинска outdoor активност како јавање коњи, ATW мото тури, едрење, параглајдинг, велосипедски тури и трки, а ако ништо други изнајмете велосипед и свртете некој круг по градот убав или надвор од него. Ние сме тука да ви обезбедиме најдобри попусти, а ваше е да уживате во нештата кои ве исполнуваат, мотивираат и ве прават среќни, едноставно работите кои ве прават тоа што сте!

Имаме уште една плус важна информација 🙂 Овој месец подаруваме брендирани подароци за сите Mastercard купувачи! Во превод значи – Купувај што е можно повеќе зделки со твојата Mastercard картичка и добиј маица, шишенце за вода, термос, ранец или комбо по избор кои и те како ќе ти се најдат за твојата следна outdoor авантура!

за трансакција од 1.500 ден. до 3.000 ден. – подарок маица (x85)
од 3.001 ден. до 6.000 ден. – подарок шише (x55)
над 6.001 ден. – подарок ранец (x40)

blog_2

* Акцијата за подароците трае до истрошување на залихите.

На крајот од денот …go where you feel most alive!
Грабни ги другарите, дечкото или девојката, организирај го тимот од работа…. Grouper те чека outdoor!

Нена Синадиновска

Нена Синадиновска

Маркетинг и продажба