Ова се најдобри ресторани од #СкопјеГурман2019

Дечки на нашата омилена кампања и дојде крајот, но вкусните зделки од повеќе од 60 ресторани сеуште ни се во срцето. Одбраните ресторани успеаа да ни приредат незаборавно гурманско уживање, врвна услуга и секако насмевки на лицата.

Откривме нови места, нови вкусови, имавме шанса да дегустираме и благо и солено, и што е уште поинтересно, да  гласаме за нашиот омилен ресторан и да ги избереме најдобрите скопски локали во различни категории.

Е па, ајде да видиме каде има највусна пица, паста или десертче мх мх…

Во текот на кампањата, организиравме гласање на најдоброто од #СкопјеГурман, во кое на фер и демократски онлајн избори секој можеше да го даде својот глас за најдоброто во осум различни категории. За да сè биде регуларно, еден корисник смееше да гласа за само еден избор во соодветната категорија.

Гласањето заврши, а ова е официјалната листа на ресторани победници базирана на вашиот избор и дегустација.

Листа на победници:

Најдобра пица: Ресторан кај Џино

Најдобри азиски специјалитети: Sushico

Најдобар бургер: Центар Бар

Најдобра паста & рижото: District Bar & Kitchen

Најдобро месо & bbq: Гостилница Чардак

Најдобра салата: Squeeze Me

Најдобар сендвич: Melty

Најдобар десерт: Donut Bar

 

Дополнително најпродавана зделка во кампањата беше Portofino Osteria & Bar, а пак најпопуларна Get Caffe.

На сите победници им доделивме победнички плакети кои гордо ги поставија во своите локали и им посакуваме да продолжат со одличната услуга и супер вкусната храна!

Ви благодариме на сите Grouper корисници и соработници за оваа незаборвна 5та јубилејна и наша омилена кампања Скопје Гурман.

Нена Синадиновска

Нена Синадиновска

Маркетинг и продажба