Одењето на тим билдинг патувања некако ни е традиција и тоа не еднаш туку два пати годишно, и зима и лето (а разлислуваме да поднесеме предлог закон за задолжително организирање тимски дружења на 2 месеци). Накратко, тоа се одлично испланирани три дена каде 24h ги зајакнуваме, градиме или доградуваме нашите пријателски односи и колегијални врски, каде со сигурност ги запознаваме сите неоткриени таленти на нашите колеги (посебно поттикнати од мастерот т.н алкохол), каде се раѓаат најдобрите out of the box идеи, се шират шеги што се користат до следната дружба и секако како што и самото име кажува задолжителното ги “билдаме” стомачните мускули од смеа 🙂 Read More

Наградна игра “Среќни Купони”
Среќа е многу често проучувана тема, ќе речете можеби е дури клише, ама не може да се оспори дека е главен мотив на постоењето – да бидеме среќни. Некој рекол дека среќа е кога она што го мислиш, кажуваш и правиш се во меѓусебна хармонија. Среќа е состојба на умот која се дефинира со позитивни емоции. Сепак, наместо да ја дефинираме среќата, ајде да ја поттикнеме. Нашиот тим размислуваше како се поттикнува среќа и дојдовме до некои заклучоци, меѓу кои:

9 причини зошто да подарите купон за 8ми Март?
Секој купува подарок за 8ми Март, бидејќи секој сака да подари внимание на една од своите сакани дами. Сите имаме мајка, или сестра, или пријателка, или тетка, или баба, или девојка, сопруга, колешка, вереница, комшика па и љубовница 🙂 Нема шанси да поминете без најмалку еден подарок, а бројот може да се зголеми со геометриска прогресија во зависност од жените кои ве опкружуваат.
Прашањето е како да им посветите еднакво внимание на сите, без многу потрошено време, а сепак сите да добијат специјално одбран подарок? Со Grouper купон! Проследете ги 9те причини зошто е одличен избор да подарите купон за 8ми Март:

4тата роденденска Grouper приказна
Како што повеќето од вас знаете и сте забележале, покрај тоа што напорно работиме, сакаме да славиме и да се веселиме, секако уште повеќе кога има убав повод. Затоа традиционално секој Јануари, 4 години по ред го прославуваме роденденот со отворени забави на кои уживме во Вашето огромно присуство, од Вас корисниците и соработниците.

Grouper ТОП најпродавани зделки за 2014
Топ 5 филмови за 2014, најдобрите 10 запросувања, 5 најслушани песни, најпребарувани зборови на Google, топ 15 моменти во 2014… Бидејќи овој период од годината е резервиран за сумирање на сработеното, ние ги споделуваме Grouper ТОП најпродаваните зделки за 2014 со вас.

3 плакети ни ги красат канцелариите!
Вчера освоивме 3 награди на официјалното доделување на наградите за сајт на годината, а денес сакам да споделам СРЕЌА со сите Вас!
Втор пат по ред ја добивме наградата за најдобар сајт за е-трговија и огласи, за која искрено знаевме дека ја заслужуваме ама не верувавме дека втор пат по ред може да ја добие истиот сајт. За прв пат бевме победник во категоријата најдобар мобилен сајт, а го освоивме и второто место во категоријата најдобра Facebook страна. Read More

Гласајте за нас!
Минатата година Grouper ја доби наградата за Најдобар сајт за Е-трговија, и тоа благодарение на сите Вас, нашите сакани корисници.
Ветивме дека уште понапорно ќе работиме, па како што е редот треба да ги покажеме резултатите за да го оправдаме и заслужиме Вашиот глас и оваа година 🙂
Еве кратка ретроспектива на 2014тата Grouper година: Read More

#IceBucketChallenge Completed!
#IceBucketChallenge стана вирален феномен во кој учество зема целиот свет, од најпознатите холивудски ѕвезди до сите останати. Предизвикот е да истурите ладна вода со мраз на себеси и да предизвикате други луѓе кои истото треба да го направат. Од повиканите кои нема да го направат предизвикот се бара да донираат средства кои ќе се користат за истражувачки цели и помош на лицата болни од Amyotrophic lateral sclerosis (#ALS).
Read More

Grouper Недела на храна
По речиси 4 годишно постоење нашата политика за објава на зделки, ако сте забележале, е секогаш да понудиме разновидност. Односно во текот на една недела се трудиме да понудиме најразлични зделки во различни категории. Така на пример зделките на храна и пијалок се присутни со 1 зделка неделно најчесто. По еден гладен “brainstorming” на нашиот тим, дојдовме до идеја да направиме нешто поразлично – да ви понудиме храна и само храна оваа недела. Заборавете на готвење оваа недела и препуштете се на Grouper гастрономските искуства за сечиј вкус. Ви откриваме дел од зделките:

Групко во поход: “Mystery Shopping”
Често добиваме прашања од пријатели за тоа дали ги користиме зделките што ги продаваме. Одговорот е секако потврден, особено уживаме кога правиме mystery shopping на компаниите со кои соработуваме за квалитетот на услугата која ја даваат, односот на персоналот на соработниците и сл. Покрај тоа секако и нашиот тим истражува нови локали на попусти кои ги овозможуваме за сите наши корисници. Read More