Facebook апликација “Продај пријател”

Во Декември 2012 после долги brainstorming сесии и размислување дојдовме до идејата што сметавме дека е супер кул: Ќе лансираме апликација со која корисниците ќе може да креираат Grouper зделка и да си ги “продадат” пријателите на попуст. Низ хумористичен начин сакавме да ве поттикнеме да кажете кој пријател би го продале, со колкав попуст и по која цена. И секако во кратки црти да објасните зошто е добар тој пријател за другите да го “купат”. За оние кои имаа најголем број на продадени купони на својот пријател следуваа награди: таблет и турстистички аранжман за патување.

Оргомен број на корисници го прифатија хуморот и си ги ставија своите пријатели на продажба, додека имаше и неколку кои не осудија дека “пријателите не се за продажба” 🙂 Секако дека се согласуваме ама мала шала на сметка на пријателите не е на одмет. Сепак смеењето го продолжува животот нели 🙂

prodaj-prijatel
Почетниот екран за СТАРТ на апликацијата

Grouper време за подароци 

Како што веќе знаете, ние сме пред се млад и креативен тим со голема желба да ги доближиме најдобрите зделки до Вас, нашите корисници. Исто така бидејќи имаме голема желба да подаруваме, ја креиравме оваа игра каде ВАМ ви даваме можност да креирате зделка и тоа зделка со која ќе “продавате” некој од Вашите пријатели на попуст!

Одберете го пријателот кој мислите дека еодлична зделка за другите, одредете ја неговата вредност и попуст на кој го давате и почнете со “негова продажба” 

Повикајте ги пријателите да купуваат (гласаат) и споделете ја Вашата Grouper зделка!

Секој клик на копчето КУПИ е 1 продаден купон! Освен кога ќе го активирате бонусот ‘’Активирај екстра купони” кога секој клик ви се брои како 2 продадени купони. Секој ден т.е во рок од 24 часа може еднаш да го активирате овој бонус со што по активацијата во следните 2 часа гласовите се бројат дупло.

Играта трае 1 месец почнувајќи од 30 Октомври. Бидејќи имаме две награди кои ќе ги доделиме одлучивме да му дадеме предност на избор на оној кој ќе има најголем број на гласови т.е. продадени купони односно на најдобриот Grouper агент Второпласираниот ќе ја добие другата награда. Наградите се Аcer Iconia Tablet и Викенд за двајца во Hotel Kempinski ***** – Банско!

Покажете колку ви значат пријателите, споделете ја нивната цена со останатите, освојте вредни награди, продавајте купони или пак едноставно купете си нечиј пријател 

Ве сака,
Тимот на Grouper.mk 

Фотографии од доделувањето на наградите на победниците

Групер ја наполни салата во Драмски Театар

Во февруари 2012 година добивме повик од Драмскиот театар за да не информираат дека бидејќи се задоволни од сорабтоката сакаат да ни одобрат 330 карти (односно цела сала) да ги продадеме на попуст. Ни беше голем предизвик и го сметавме за еден вид на тест. За неполни 2 дека беа продадени 330 карти, а нашиот тим по тој повод организираше мало изненадување за сите корисници кои присуствуваа на претставата со цел да им се заблагодариме за довербата која ни ја даваат. Чувството да се седи на престава во сала полна со Grouper корисници беше прекрасно.

Линк до сите фотографии

kolacinja-grouper

Првиот роденден на Групер

На 21 Јануари 2011 година го прославивме првиот роденден од постоењето на првиот Македонски сајт за групни попусти Grouper. По тој повод одлучивме да направиме голема роденденска забава каде ќе ги поканиме сите наши корисници и соработници за заедно да го прославиме минатогодишниот успех кој секако заедно со Вас го постигнавме.

Read More

Оторањето на првиот Македонски сајт за групни попусти

По напорна 5 месечна работа на 21 Јануари на Плоштадот на град Скопје беше отворен првиот веб сајт за групни попусти. Отварањето го планиравме и организиравме речиси еден месец, балон на топол воздух требаше да се крене на Градскиот плоштад за да го означи отворањето на нешто ново и големо, односно лансирањето на првиот веб сајт за групни попусти кај нас во Македонија. Музика, бенд, 400тини гости, пријатели, случајни минувачи и температура од минус 5 степени и снег 🙂 По многу обиди на ветрот и снегот балонот успеа да се крене колку што можеше.

Read More