10 бесплатни е-продавници по повод 10 години Grouper!

Полека, но сигурно ја заокружуваме првата декада од постоењето на Grouper! Официјалното празнување на нашиот роденден го најавуваме со неверојатна акција!

Заедно со нашите партнери од Mastercard ќе поддржиме 10 мали и средни компании со 10 бесплатни е-продавници во најголемиот онлајн трговски центар во Македонија: Grouper Shopping Mall.

Read More

Holiday Gift Guide: ТОП 5 подароци за НЕГО (Pandemic edition)

Влегуваме во сезоната на празници кои ќе ги празнуваме поинаку од досега. Глобалната пандемија го смени нашиот начин на живот. Мерките за заштита од вирусот не разделија како никогаш досега, па токму затоа овие празници имаме вистински предизвик: Да останеме сплотени и блиски и покрај физичката оддалеченост. Празничните подароци традиционално се симбол на внимание, љубов и грижа за нашите најблиски.

Read More

Вашата поддршка ни е најважна! Гласајте за нас!

Се наближуваме до 10 години постоење, крај на година, ја ситниме чуднава 2020та и правиме една ревизија на што сме направиле, што се случило, мислиме на следната година…

Оваа година не беше лесна. За сите. Прво поради тоа што ни беше директно загрозено здравјето, а второ начинот на работење, комуникација, живеење. Изолација, неизвесност, промени. Иако сите мислат дека на онлајн компаниите им беше лесно и дека дури имаа прогрес, можам да ви потврдам дека не беше баш така.

Read More

Holiday Gift Guide: ТОП 5 подароци за НЕА (во време на пандемија)

Знаеме веќе дека оваа година е поинаква. За прв пат ќе ги дочекаме Новогодишните празници во вакви околности. Како ќе биде не знаеме, само знаеме дека ќе е ново искуство, а уште повеќе знаеме дека сега највеќе од било кога е потребно да останеме блиски со оние кои ни значат и да го искористиме секој момент, повод и начин да си подариме меѓусебно внимание, љубов, грижа, поддршка.

Read More

Крафт Арт – онлајн базар на рачни изработки

Декември, топол дом, подароци, празнична атмосфера… Ова се зборовите кои го опишуваат овој период кога сите почнуваме да се подготвуваме за новогодишните празници.

Овој месец не мотивираше да направиме нешто поинакво на Grouper, нешто кое ќе биде интересно за корисниците, но и корисно за малите бизниси.

Read More

BLACK FRIDAY Warm Up – Сè што треба да знаеш!

За да разбереш колку сериозно му пристапуваме на Black Friday, доволна е следнава реченица: „Ако Grouper беше држава, тогаш Black Friday ќе беше прогласен за најважен национален празник!“

Ноември е месец во кој ги имаме најдобрите шопинг понуди во годината! Најголемите попусти од најдобрите брендови значат дека овој месец многу малку ќе спиеме за да успееме да излеземе во пресрет на сите кои ќе решат да купуваат.

Бидејќи само еден ден или еден викенд е премалку за да ти ги понудиме сите неверојатни понуди, Black Friday Warm Up кампањата ја започнавме уште во првиот петок од месецот! Веќе можеш да купиш купони за луд попуст во Sport Vision и Sport Reality, да ќариш и до 20 литри гратис гориво во Петрол Оил, да искористиш попуст во Ledikom или да закажеш испитување и анализа во СкринЛаб.

Звучи добро како за прв викенд, нели? Следи нѐ секој ден, бидејќи следуваат зделки кои не смееш да ги пропуштиш и плус имаме оооооооогромно изненадување кое ќе израдува многумина!

Cashback со секое купување во Grouper Shopping Mall!

Ноември го започнуваме со одлични вести! Оваа недела, секое купување со твојата Mastercard картичка во Grouper Shopping Mall од најмалку 500 денари ќе ти донесе CASHBACK – средства назад во твојата Grouper торбичка. Добиените поени можеш да ги искористиш неограничено за понатамошни купувања на Grouper.mk!

Акцијата трае од 02 до 08 Ноември и важи за сите продавници и производи од Grouper Shopping Mall! Бонусот кој ќе се врати во твојата Grouper торбичка ќе биде во зависност од висината на трансакцијата и тоа:

– За трансакција над 500 ден. добивате 100 ден. бонус
– За трансакција над 1500 ден. добивате 300 ден. бонус
– За трансакција над 3000 ден. добивате 600 ден. бонус

Побрзај и искористи ја оваа единствена можност да заработиш додека купуваш! Не заборавај дека онлајн продавниците во Grouper Shopping Mall веќе имаат тековни попусти на производите!

Светскиот ден на штедењето го славиме два дена!

Штедењето е еден од најголемите атрибути на онлајн купувањето! Освен што најдобрите цени се онлајн, не заборавај дека штедиш и драгоцено време, енергија, а во последно време и здравје, бидејќи можеш да купуваш онлајн од удобноста на твојот тросед, од кревет, пред спиење или рано наутро… Буквално секогаш и секаде!

Знаеш дека со Grouper секогаш ги добиваш најдобрите цени, па токму затоа, Светскиот ден на штедењето си го сфаќаме сериозно. Оваа година, решивме да го славиме два дена, а шопинг забавата ќе се одвива кај зделките на Grouper.mk и во Grouper Shopping Mall!

Изненадувањето го подготвивме заедно со нашите партнери Mastercard, а тоа е екстра попуст од -15% со промо кодот MASTER15!

Кликни тука и искористи го попустот веднаш!

Промо кодот важи за сите купувања со Mastercard картичка, а може да се искористи за зделки или за производи од Grouper Shopping Mall. Акцијата трае два дена – сабота и недела (31.11-01.12.2020) и затоа наш совет е да побрзаш и да ја искористиш!

Топ 10 подароци за девојки под 1.000 денари!

Да се одбере идеален подарок за жена е секогаш вистински предизвик. Бидејќи знаеме дека идеите се секогаш добредојдени, направивме избор од најинтересните подароци кои чинат до 1.000 денари и можете да ги купите онлајн!

Read More