foto_natprevar_blog

Фото натпревар #НеделаНаХрана за Делимано подароци!

GROUPER  е секогаш за натпревар, за конкуренција, за добра фотка и за подароци!

За Недела На Храна да биде уште повозбудлива и послатка, за гурманите со натпреварувачки дух најавуваме #СкопјеГурман & #delimanomk Фото натпревар на Facebook и Instagram кој ќе трае до 15.07.2017! (Види го минатагодишниот contest ТУКА)

Ако во ресторан едвај го чекаш јадењето за да го сликаш и собираш лајкови со омилената паста, ова е предизвик за тебе…

Како да учествуваш? Лесно како 1, 2, 3:

  1. Купи зделка/и од Недела на храна
  2. Пред првиот гриз, фотни ја храната со GROUPER зеленото знаменце со кое ќе ти биде послужена
  3. Сподели ја сликата на Facebook или Instagram со hashtag #СкопјеГурман и додади ја локацијата т.е ресторанот

*Многу важно: Профилот мора да е public за да ја видиме сликата!

Супер Делимано подароци кои може да ги добиеш:

  • Nutribullet 600 x 1
  • Delicia Grill Тава x 2
  • Astoria рачен блендер x 2
  • Книга Мои Рецепти x 5

delimano-podaroci-za-foto-natprevar

10те #delimanomk подароци ќе бидат доделени скроз фер и рамноправно – 5 најдобри фотки според публиката (со најмногу ❤) и 5 најдобри фотки одбрани од тимовите на Grouper &  Делимано.
Телефонот во рака, чкрапни го гурманскиот оброк и Делимано награда лапни! Фоткај што е можно повеќе зделки и јадења за да си ги зголемиш шансите за подарок!

Ве сака фотогеничниот Grouper

Барбара Костовска

Барбара Костовска

Digital Marketing & Customer Care