Драги Групери, и дојде крајот и на најголемата гурманска акција Недела на Храна #СкопјеГурман. Кој купи купи, кој проба проба, кој не – има цела година да држи диета до следната кампања, зошто на пример некои од нас сериозно “удривме” на ненаситна дегустација на пици, бургери, суши, десерти 🙂 ама сега сме најадени и среќни и нема ништо подобро од тоа чувство.
Покрај вкусното мени, деликатесите во над 60 ресторани, 15 000 продадени купони, акцијата купи 4 добиј 5, фото натпреварот, заедно ги изгласавме и најдобрите локали во неколку категории. Сега е време да ги прогласиме победниците на Фото Натпреварот #СкопјеГурман & #delimanomk кој одеше на Facebook и на Instagram, како последна станица од оваа вкусна приказна. (Победниците од лани ТУКА)
Во фото натпреварот учествуваа над 300 фотографии кои беа споделени на Facebook и на Instagram со хаштагот #СкопјеГурман. Одбрани победници беа поделени во две групи и тоа:
- 5 победници, рангирани според бројот на лајкови на фотографиите
- 5 победници за најдобри фотки избрани од Grouper жирито
Мораме да спомнеме дека иако најадени со гурмански зделки, додека ги гледавме гурманските фотографии повторно ни растеше апетитот (#alwayshungry) Тешка гурманска одлука имаше жирито, среќа што беа само 5 фотографии на тој начин, а за останатите ни помогна публиката со своите лајкови. Да скокнеме на победниците ако не? 🙂
And the winners are…(*drums*)….
Добитници на подароци delimano според број на лајкови:
- coach.voicelove со 506 ❤, добитник на Nutribullet 600, фото тука
- _danielle_mkd_ со 251 ❤, добитник на Astoria рачен блендер, фото тука
- panzov_19 со 246 ❤, добитник на Delicia Grill Тава, фото тука
- janeva со 199 ❤, добитник на Книга Мои Рецепти, фото тука
- fsimja со 159 ❤, добитник на Книга Мои Рецепти, фото тука
Добитници на подароци delimano одбрани од жири:
+ Изненадување! Бидејќи неможевме да се одлучиме решивме наместо на 5 од жири, да им подариме на 7 гурмани!
- ema_tm, добитник на Astoria рачен блендер, фото тука
- ikaralieva, добитник на Delicia Grill Тава, фото тука
- merishesho, добитник на Книга Мои Рецепти, фото тука
- abuloska, добитник на Книга Мои Рецепти, фото тукa
- denkazdenka, добитник на Книга Мои Рецепти, фото тука
- _iskraj_, добитник на Книга Мои Рецепти, фото тукa
- tiki_3090 добитник на Книга Мои Рецепти, фото тука
Честитки до добитниците, ви благодариме на вас и на сите останати кои учествувате во најголемата гурманска кампања Недела на Храна #СкопјеГурман, и ги споделивте Вашите гурмански искуства и ги доловивте вкусните специјалитети низ Вашето око, камера и телефони!
Ве сака вашиот Grouper!
xoxo