Омилената и најголема Недела на Храна #СкопјеГурман полека завршува, но уште долго нема да ги заборавиме вкусните зделки од 61 ресторан и гурманското доживување во Скопје, во кое во скоро два месеци ниту еден гурман не остана рамнодушен, а уште помалку гладен.
Кога се работи за храна, на никој не му е сеедно што ќе јаде, дали ќе биде воодушевен од послуженото или ќе си оди со полн стомак, но тажна фацка.
Групер заедницата особено е пребирлива во однос на она што вкусно ќе добие со купон, па така годинава решивме да внесеме натпреварувачки дух меѓу рестораните и да им дадеме уште еден поттик да служат беспрекорно добра храна и да овозможат гурманско искуство на нашите Груперци.
Во текот на кампањата, организиравме гласање на најдоброто од Недела на Хрaна #СкопјеГурман, во кое на фер и демократски избори секој можеше да го даде својот глас за најдоброто од секоја категорија. За да сè биде регуларно, еден корисник смееше да гласа за само еден избор во соодветната категорија.
По продадените купони може да се заклучи дека Скопје најмногу сака да јаде бургери, бидејќи категоријата бургери беше најпродавана категорија во 7 дневното мени! Груперци особено многу страст покажаa кон бургерот во Рустикана, кој годинава е изгласан како НАЈДОБАР БУРГЕР ВО СКОПЈЕЕЕ! Дали е до ножот што е забоден во него, дали е дека Вардар се европски шампиони или едноставно бургерот е врв, нема да дознаете пред да одите и сами да го пробате!
Подолу прочитајте за сите победници од гласањето на кои им честитаме на заслужената победа! На останатите учесници, од срце им благодариме што ја збогатија оваа кампања и ја направија повкусна од било кога.
Победници Недела на Храна #СкопјеГурман:
- Најдобар бургер: Рок Кафана Рустикана 2.0
- Најдобра пица: Veneto City Mall
- Најдобра паста: Кај Џино
- Најдобра скара: Скопски фенери
- Најдобар десерт: Радост
- Најдобра салата: Forza Bar & Restaurant
- Најдобар појадок: Скопски фенери
- Најдобар Азијски специјалитет: SushiCo
*Најпродавана зделка: Ќебапчилница Тетекс
На сите победници им доделивме официјално и урамено признание (ако не е во рамка, не се важи) и торта за слатката победа! На победниците им пожелуваме да продолжат со одличната услуга и супер вкусната храна, но и да не се прават многу важни затоа што “Сè што лета не се јаде” 🙂
Погледнете го официјалното доделување на признанието и среќата на победниците!