½ МИЛИОН продадени Grouper купони!

Во духот на први септември и враќањето на училиште, имаме 5ки за споделување. Ние во Grouper веруваме дека напорната работа, собраното знање и постојано учење, адаптирање и иновирање секогаш вродува со плод. Оценка – Одличен 5!

Оваа година наполнивме 5 години и достигнавме 50 000 инсталации на Grouper мобилната апликација за Android. Денес, повторно во тој дух – нов milestone! Нова гордост! Ново достигнување кое што исто така започнува со бројот 5.

Дами и господа, дечки и девојки, стигнавме до 500 илјади купони! ПОЛА МИЛИОН купони! За да звучи уште поубаво, фигуративно вака би изгледало тоа – во просек, една четвртина од нашава држава има купено Grouper купон 🙂 Или со други зборови, ПОЛА СКОПЈЕ има заштедено со Grouper купон.

Еве разиграна статистика по тој повод:

za-blog-pola-milion

Една од омилените 5ки секогаш беше таа од најстрогата учителка кај која требаше најмногу труд да се вложи, нели? Епа од сите 5ки оваа година пресреќни сме за 5ката од Вас, нашите драги групери и груперки. Во мај спроведовме анализа за оценување на задоволството на корисниците во кое креиравме модел кој вклучи бројни фактори кои влијаат на истото. Вкупната оцена која ја добивме од спроведената анализа во која се вклучија 2691 корисници (од вкупно опфатени 14.000) изнесува 4.6 на скала од 1 до 5. Ви благодариме од се срце што ни давате мотив за уште понапорна работа и што не мотивирате секогаш да ве направиме среќни. Благодарни сме им и на нашите соработници кои се секогаш отворени да ги понудат најдобрите зделки со непобедливи цени со цел да ги посетите и ако ви се допаднат да се вратите повторно и повторно.

За крај малку историја 500.000 купони подоцна

Grouper го започнавме во време кога владееше Nokia 3310, а покемоните беа цртани и играчки за мали деца. Кога платежните картички служеа за да се извади платата на банкомат и кога во супермаркет ако некој случајно извадеше на каса картичка да плати цел супермаркет знаеше за тоа (зошто ќе се слушнеше едно гласно “Каааартичкаа” за да не му текне на некој друг во исто време да проба да наплати со картичка). Кога помалку од 1% од населението купуваше онлајн, ние веруваме во промените и верувавме дека попустот и атрактивната понуда ќе биде доволен поттик за граѓаните да се заинтересираат и впуштат во оналјн купување. Денес, 500.000 купони подоцна, 5ипол години напорна работа подоцна, Вие нашите верни корисници и соработници кои ни пруживте доверба сте дел од Grouper заедницата и вам сакаме од срце да ви се заблагодариме! Заедно ја променивме е-трговијата и покажавме дека добрата понуда го промени пазарот на онлајн купување. 5 години подоцна 15% од населението купува онлајн. Продолжуваме да го менуваме пазарот, да ја движиме е-трговијата напред и наскоро да го дуплираме овој процент и да се приближиме кон развиените земји. Влијаевме на промена на работите, ги искористивме можностите и се најдовме на вистинско место во вистинско време.

Со причина не нарекуваат Game Changer на пазарот за е-трговија, заслужено добивме бројни награди за најдобар сајт за е-трговија, освоивме најголем удел на пазарот и за сето тоа сме навистина горди и среќни. Но чуството кога вие ќе ни кажете/пишете дека сме најдобри, насмевката што ќе ни ја изнудите и желбата да го споделиме Вашиот е-mail меѓу нас – e тоа е бесценетото чувство и најголемото признание за нас!

Останете ни среќни, лојлани и позитивни и дружете не насекаде
–> FacebookInstagram,TwitterSnapchat, YouTube

Со љубов,
Вашиот Grouper

 

Iva Trembelieva

Iva Trembelieva

Оперативен директор