Празничен Grouper план

Декември, јаготката на шлагот за 2019 и предвесникот на новата година која наскоро ќе започне.

Слави, празнувања, родендени, Нова година и милион причини за славење и подарување.

Нашиот тим веќе е во активна потрага на подароци за колегите кои им се паднаа на Secret Santa и предновогодишното лудило почна да владеее во нашите канцеларии.

Оваа година за сите вас подготвивме најразлични зделки за претстојните празници од подароци до различни искуства и патувања и ви направивме план за цела зима.

Следете ги чекорите и спремете се за претстојните денови. 

1. Декорирајте го домот

Нема ништо поубаво од една зимска прошетка и разгледување на шарените домови, или едноставно уживање со топло чајче покрај камин во вашиот дом и чувствување на празничната атмосфера со најразлични декорации во домашно расположение.
Нека блесне домот со светилки и ламби во различни бои. Направете празнични мафини, топол пијалок и уживајте во топлината на вашиот дом со добар филм.
Доколку пак сакате да го подновите дoмот со нов мебел имаме зделка со попусти до 90% во Технокооп кои подготвија изненадување за секој корисник од Grouper со подарок пакетче или фотелја за секој купен купон од зделката.

2. Изберете подароци за најблиските

На некој омилениот дел од нова година (како на мене) на други најтешкиот. Знаеме колку може да биде напорно наоѓањето на совршениот подарок па ние решивме да ви дадеме топ 5 предлози кои сме сигурни дека ќе одговараат за сечиј вкус.

Extreme Intimo

normal_79b1b81edb654ea41cdecc1f9bb9a96c

Никогаш не е доста од удобни зимски пижами, па плус и со модерен новогодишен дезен – нема утка 🙂

За мажи, за жени, девојки и дечиња, уникатен подарок во склоп со новогодишниот дух од Extreme Intimo.

B Watch

normal_409814e69a2777a5281f8f861c49aab6

Доколку сакате покласичен подарок за вашиот дечко/девојка најдобар избор е елегантен часовник од B Watch со најголем избор на часовници за безвременски подарок.

Карта за во Борис Трајковски

normal_b17b29c95291da0b54c7f20e6734effc

За било кој пријател кој е љубител на искуства обезбедивме зделка со попусти на куглана, лизгалиште, базен, сауна и пинг понг во СЦ Борис Трајковкски.
Може да си купите карта за било што или да купите повеќе карти за целодневно уживање.

Gift картичка

gift-card

Ако пак не сте сигурни дали ќе му го погодите подарокот на пријтелот, Gift картичката е изненадување кое го подготвивме за сите кои се неодлучни или едноставно сакаат слобода при изборот!

Играчки за најмалите

deca

За наjмалите пак имаме голем избор на играчки и новогодишни изненадувања. Што и да одберете децата секогаш се радуваат 🙂

И уште многу други идеи за подароци погледнете ТУКА.

3. Време е за опуштање

Одбравте подарок? Супер, сега е време за опуштање. Одберете масажа, третман за убавина или спa уживање.

Посветете го денот на себе си или изненадете ја вашата сакана личност со релаксирачко предпразнично искуство.

4. Зимување ❄

Подароци имаме, се релаксиравме и сега е време за зимување. Патувања за Нова Година, за празниците и за цел Јануари погледнете ТУКА.

Започнете ја годината со шетање 🙂

И не заборавајте за крај да развиете фотографии од сите прослави и патувања.

Се надеваме дека ви најдовме различни предлози за исполнети празнични денови и дека ви помогнавме во изборот на подарок.
Ако сеуште не сте се одлучиле што да купите пишете ни на [email protected] и нашиот новогодишен тим ќе ви ги даде најдобрите предлози за вас.

Со празнична љубов,
Вашите Груперци 

Frosina Trajkovska

Frosina Trajkovska

Customer Care & Web Admin Team Lead