200+ сончеви денови, 40+ планини, 3 природни езера со античко потекло и еден град заштитен од УНЕСКО се само еден мал дел од фактите и бројките кои ја опишуваат Македонија – земја на највкусната храна, најубавите дестинации и најгостопримливите луѓе.
Македонија секој ден, без пардон, ти нуди прекрасна природа, дестинации вредни за (ре)откривање и проживеани луѓе опремени со еден куп локални приказни за како било на времето, кој биле главните шизици и како сите живееле во слога, разбирање и љубов. Иако мала, Македонија нуди места каде ќе го најдеш мирот, искуства преку кои ќе ги запознаеш најтоплите, пријателски расположени луѓе и дестинации кои ќе сакаш да ги посетиш пак, пак и пак!
Кога последен пат си дозволи пролетно релаксирање во Македонија? Колку од езерата, планините и алтернативните селца во Македонија ги имаш посетено?
Дојде време повторно да ти откриеме што сѐ имаме по дома! Ајде да го цениме и да го уживаме тоа што го имаме и оваа пролет да ја искусиме Македонија од една поинаква перспектива… во улога на туристи, повеќе од подготвени за креирање нови спомени!
АТВ авантура во Галичник
Ако си во потрага по достојна замена за градскиот асфалт + уживање во природа, а воедно не си нешто многу многу заинтересиран/а за спортско “мачење”, тогаш АТВ авантура е тоа што ти треба!
Следно на твојата агенда е инсталирање на авантуристички дух, запознавање на убавините на Бистра, дишење чист планински воздух и тотално уживање во прекрасниот поглед накај мијачките села и недопрените планински предели, со најзабавното возило на 4 тркала.
П.С. Има опции за дегустација на галичко сирење!
Берово – најголема природна воздушна бања во Македонија
Планинска свежина, природен мед, диви шумски јагоди, Кралот на сирењата, компир подобар од McDonald’s, малешевска ракија и најголемата концентрација на космичка енергија и кислород на Балканот = Берово, мелем за очи и рај за душа! Ако сакаш вистински да се одмориш и регенерираш, тогаш сѐ што треба да направиш е да си дозволиш пролетна екскурзија во Берово! На менито е недопрена природа што очајно чека да биде искористена.
Охридска романтика
Охрид никогаш не излегува од мода! Без разлика дали си за вистинско релаксирање покрај езеро, спортски активен одмор или романтични денови на езерското крајбрежје, во Охрид ќе најдеш сѐ!
Дозволи си оваа пролет да уживаш во убавините на Охрид, градот кој на секое ново гледање нуди свежо, различно и магично искуство! Океј, кој е мојот прв чекор за пролетен одмор во Охрид? Резервирај си го твоето место во Хотел Тино Св. Стефан и почни да се навикнуваш да стануваш и легнуваш со најубавиот поглед во Охрид!
На чист воздух на Попова Шапка
Скијањето официјално заврши, но тоа не значи дека Попова Шапка ќе остане затворена и неискористена во периодот што следува. Затоа, спакувај ја твојата омилена облека за планинарење, облечи ги патиките за хајк и трк накај Попова Шапка за пролетно планинско уживање & релаксирање во Хотел и Спа Арена. Ресторан, кафе-бар, летна тераса, СПА, базен, сауна… сѐ е во игра!
Едукација за соколарството
Како за крај, ти презентираме уникатно животно искуство – 60 минутна едукација од областа на соколарството! Одвој еден час за нешто ново и несекојдневно, искуство кое ќе те едуцира и научи за единствената грабливка во светот која лови фамилијарно во групи, за начинот на ловење на овие птици, начинот на размислување и општо за соколарството и сите останати грабливки во целина! Не размислувај ни секунда, резервирај место и биди уникатен во твоите животни искуства.
П.С. Аплауз на отворена сцена ако стигна со читање до тука! Следна задача > правење планови и разгледување на летната понуда на Grouper.mk.
Македонија има уште многу неоткриени бисери! Македонија има уште еден тон авантури кои чекаат да бидат искусени! Почуствувај ги топлите утра, разнобојните зајдисонца и ветровитите ноќи, со еден збор одбери пролет – дома.