21ви Март го означува стартот на пролетта која носи свежина и надеж за нови искуства и почеток на нова сезона! Почнуваат да се кројат планови, резолуции, се будиме од зимскиот сон и размислуваме со промени за кои бевме инертни да ги отствариме додека траеше зимата. За да го забрзаме процесот и да ви ги олесниме плановите специјално по овој повод подготвиме нова кампања на пролетни зделки.
Ако не знаете од каде да почнете, ние имаме идеален план како за точно еден месец да се разбудите, освежите и расположите. Нашата добро смислена програма за пролетно будење ги вклучува сите активности за чистење на домот, телото и духот во 4 недели.
Сите зделки кои ќе бидат дел од оваа кампања ќе бидат означени со ова ново стикерче “Пролетно будење”.
Стартуваме на 28 Март, а распоредот е следен:
I – Недела на домаќинство (28.03)
Прво, одржувањето на домот е начин на средување на животот. Викаат дека ако почнеш да работиш на подобрување на животот почни од домот, затоа што домот е центарот на одмор и релаксација. Затоа, пожелно е пред да светне пролетното сонце, да ги светнете прозорите недопрени уште од септември 🙂 Во оваа недела преку новите зделки (се разбира по непобедливи цени) ќе можете да средите домот преки професионално чистење, хемиско за износените капути, да се испегла облеката за новата сезона, дезинфекција на клима, автомобил, велосипед…
II – Недела на здравје и здрава храна (4.04)
Второ, откако домот и се поврзано со него ни е тип топ, преминуваме на body detox, преку зделки за здрава храна, за да ги надоместите витамините од зимава кои нели, ги нема во руската, ајварот и сармите 🙂 Салати, смутиња, вегетаријански оброци и овесни појадоци се полн погодок за чистење на телото и зајакнување на имунитетот. За да биде комплетен процесот треба да се чувствувате здрави и витални, па оваа недела покрај здравата храна, зделките за здравствени прегледи ќе бидат превенција и грижа за вашето здравје.
III – Недела на убавина и спорт (11.04)
Го разбудивте телото, сега е време да го активирате. Оваа недела на дневен ред ќе бидат зделките за спорт и убавина за да се почне со време на припреми на вашето beach body 🙂 Месечните чланарини за вежбање, пакети за разубавување, освежување на коса, маникири во пастелни нијанси се само дел од зделките за оваа недела.
IV – Недела на пролетни патувања (18.04)
Вака средени, разубавени и освежени ќе го нахраниме духот со пролетни патувања. Пролетта е најдобро време за посета на нови места, знаете дека секое место е најубаво во пролет, така? Оваа недела ве очекуваат многу свежи зделки за патувања низ Македонија и секако надвор од неа.
Со оваа програма ви ветуваме ефективност, будење, подобрување на расположението и секако поттикнување на позитивна енергија!
Пролетен поздрав!