Докажавме дека сме први во реализација на најдобрите онлајн кампањи почнувајќи од незаменливиот Black Friday, уникатната кампања за Македонија – Дестинација Македонија, Недела на Храна и многу други, кои не прават препознатливи по тоа што на едно место ги вклопуваме најдобрите компании во својата област со непобедливи и атрактивни зделки.
Секогаш сме среќни кога имаме можност да реализираме нови идеи и креираме нови кампањи кои досега не биле спроведени во етерот. Една таква интересна акција која официјално ќе започне на 19.03 е Првиот онлајн саем за мебел во Македонија, каде сите оние кои сакаат да го уредат, реновираат или дополнат својот дом со интересно парче мебел, украс, санитарија или едноставно да видат што е атрактивно оваа сезона, можат да дојдат на grouper.mk и да истражуваат без брзање, гужви и турканици. И секако најважно, цените ќе бидат најниски до сега!
За прв пат во Македонија оваа година, ќе можете “на раат” да разгледувате низ големот број понудени парчиња мебел и што е најважно да заштедите купувајќи од својот омилен бренд по промотивна цена, на попуст.
Без разлика дали сте во фаза на ре-уредување или ви е потребен нов душек за подобрување на сонот, сакате само да ги освежите деталите и декорот или ви треба инспирација за разубавување на вашето катче – сé ќе биде на едно место, на еден клик и само вашата картичка ќе ве дели од новото парче мебел! Ова се само дел од брендовите кои ќе бидат вклучени во кампањата Elite Sofa, Domitalia, Kares, Форма Нова и многу други.
Затоа подгответе се, следува пролетно реновирање, уредување и декорирање на домот на попуст!