На 21 Јануари 2011 година го прославивме првиот роденден од постоењето на првиот Македонски сајт за групни попусти Grouper. По тој повод одлучивме да направиме голема роденденска забава каде ќе ги поканиме сите наши корисници и соработници за заедно да го прославиме минатогодишниот успех кој секако заедно со Вас го постигнавме.
По тој повод имавме роденденска Grouper зделка со што секој корисник кој купил купон за 30 ден. добива пијалок на роденденската прослава плус станува потенцијален добитник на една од 100те подароци кои ги обезбедивме заедно со нашите бизнис партнери. Секако храната за да биде забавата комплетна беше од нас. Со добра музика и одлично друштво еве како помина во кратки црти роденденот.
Повеќе за првата година на работење низ бројки може да видите на инфографикот подолу. За една година постоење продадовме 30 000 купони, а 20 000 регистрирани корисници ги уживаа Grouper попустите и добрите зделки.

Сите фотографии од првиот роденден може да ги погледнете ТУКА
Медиумски објави за првиот роденден на Grouper: Групер за 1 година продаде 30 000 купони и Една година Групер Инфографик