Дечки летото дојде, малце променливо ама тука е.
Спакувајте ги зимските алишта и опремете го плакарот со летните. Извадете ги апостолките и купаќите бидејќи следат убави денови.
Како што доаѓаат потопли денови така сакам да ви споделам некои идеи за како да сте фул опремени за деновите што следат.
Е сега сигурно го прочитавте претходниот блог со предлози за брзо спремање за одмор. Денес ќе споделам нешто за оние кои имаат малку повеќе време
First thing, одите на море а не знаете да пливате?
Скршете го мразот и запишете се на часови по пливање и совладајте ги сите техники, па после ќе импресионирате на плажа
Ако пак сте уште на диета за на плажа, поминете ги деновите со здрава храна и спортување иако #СкопјеГурман зделките изгледаат примамливо. Псст, нема да кажеме на никој ако купите зделка за бургери
Најважното, добри наочари за сонце. И тоа на 70% попуст!
Ич не му ја мислете, трк во Dioptra да се подновите.
Купете си еден несесер за се, и опремете се со нови римјанки за шетање на долгите песочни плажи. Не ја заборавајте и вашата ташна за на плажа во некоја летна боја.
За крај ако патувате со сопствен превоз не заборавајте да ги организирате работите во кола и ако не го знате патот бидете си на сигурно со GPS. Симнете си offline мапа и земете си држач за телефон за во автомобил. Пуштете GPS и тргајте на пат!
Стигнавте на одмор, wohoo!
Си лежите, си читате книга па си пиете и некое коктелче со чадорче Мој предлог за најопуштен престој на плажа е LAZY BAG – фотелја на дување, две во едно ако сте на плажа можете да се релаксирате на неа а можете да ја користите и за лебдење во вода – The Choise is on You. Плус сите ќе ве забалежат со колоритната Lazy Bag.
Ако сте за нешто покласично има и столици и лежалки за на плажа достапни во секое време. Уживајте, одморете и вратете се дома со полни батерии.
И за крај после незаборавното лето извадете фотографии за вечни спомени и видете се на ручек или вечера со вашите пријатели да си раскажете како сте си поминале