Развесели кафана – Grouper и Пивара Скопје во поддршка на рестораните!

Во ова чудно и неизвесно време секој од нас размислува за работите кои му значат, што е она што му недостига и што прво ќе направи кога ќе заврши целава ситуација со пандемијата.

Дефинитивно она што ни значи на сите, се нашите блиски луѓе, човечкиот контакт, споделените насмевки и прегратки и заедничките искуства за кои вреди да се живее.

Она што ни недостига, сигурно сите ќе се согласите дека е дружбата, безгрижноста, заедничките собиранки со пријателите и роднините, вкусен ручек и пријателски пијалок заедно со оние кои ни значат.

Од сите досегашни разговори, што прво ќе направиш кога ќе заврши ова, најчест одговор е: ќе седнам во кафана со пријателите! на целодневна. да наздравиме, да се најадеме, напиеме, и насмееме заедно. да се веселиме. да надоместиме за сé што сме пропуштиле.

Ресторан, кафана, меана, гостилница, наречи го како сакаш ама тоа е дел од нашата култура, дел од нашето секојдневие, место каде делиме и добро и лошо, место каде никогаш “ај на по едно пиво” не останува на едно, место кое е многу повеќе од добра храна. Место за душa 🙂

Секогаш кога си имал повод за веселби – кафаната била тука за тебе. Секогаш кога си не си бил “нај нај” па ти требало разговор и пијалок со пријател – кафаната била тука за вас.

Заради и ова и заради многу повеќе, Grouper и Пивара Скопје со здружени сили ja организиравме кампањата за поддршка на рестораните “Развесели Кафана”, кои секогаш биле тука за нас, сега е време ние да сме тука за нив.

Во кампањата се вклучија голем број ресторани од цела Македонија, со вредносни ваучери на попуст, кои ќе може да ги користите по отварањето на локалот па да крајот на 2020 год. Види ги зделките ТУКА.

Поддржете ги вашите и наши омилени ресторани и угостителски објекти во овој критичен момент, заедно можеме многу повеќе. Да наздравиме за наскоро завршување на карантинот и да си се собереме во кафана како луѓе, да си споделиме маки и радости и да си го вратиме животот во нормала. Поддржи ги рестораните – Развесели Кафана!

Iva Trembelieva

Iva Trembelieva

Оперативен директор