Дечки, заврши и најголемата и највкусната Недела на храна #СкопјеГурман! Цел месец заедно откривавме нови места во градот и пробувавме нови вкусови и цел месец ниту еден гурман не остана рамнодушен, а уште помалку гладен!
Крајот на #СкопјеГурман го обележуваме со рекорден број на продадени купони, донирани 15.000 ден. во Банка за Храна, 900 изедени сладоледи и многу дегустаторски авантури.
Одбраните 70 ресторани испорачаа врвна услуга и секако – квалитетна храна и ни приредија вистински гурмански искуства! Дополнително, за да ги предизвикаме да бидат уште подобри, повторно и оваа година го поттикнавме натпреварувачкиот дух меѓу растораните со трката за Титулата Најдобар ресторан во својата категорија!
Во текот на кампањата, организиравме гласање на најдоброто од Недела на Хрaна, во кое на фер и демократски избори секој можеше да го даде својот глас за најдоброто од секоја категорија. За да сè биде регуларно, еден корисник смееше да гласа за само еден избор во соодветната категорија.
На сите соработници од срце им благодариме што ја збогатија оваа кампања и ја направија повкусна од било кога! А на сите победници од гласањето им честитаме на заслужената победа (со подароци и изненадувања, со сé)! И секако најголемата благодарница оди кај оние кои го дадоа својот глас!
Официјалната листа на победници #СкопјеГурман 2018:
Најдобра пица: Ресторан Кај Џино
Најдобра паста: Ресторан Veneto
Најдобар азиски специјалитет: Star Ocean
Најдобар бургер: Black Pearl Beer and Burger
Најдобра салата: Форца бар & ресторан
Најдобар десерт: Kremisimo
Најдобар сендвич: Mr. Hot Dog
Најдобар специјалитет од месо & BBQ: Калабалак Парк
Дополнително и заслужено во категоријата во која се бројат само продажбите, односно Најпродавана зделка победи сладоледот во Радост, а пак за најпопуларен ресторан во кампањата беше прогласен Sushico.
Погледнете дел од атмосферата на врачувањето на признанијата. На сите победници им доделивме победнички трофеи кои гордо ги поставија во своите локали и им посакуваме да продолжат со одличната услуга и супер вкусната храна!
За крај, драги групери, драги соработници, драги љубители на добрата храна, ви благодариме што помогнавте да ја направиме оваа Недела на храна незаборавна!
Ве сака,
тимот на Групер