Росица Мршиќ е интернационално етаблирана модна дизајнерка и бренд со современ и софистициран стил. Нејзината естетика е препознатлива по смелиот, но и женствен потпис со прецизна изработка и опуштена изгладеност, што ја рефлектира нејзината визија за силни и самосвесни жени следбенички на иновативната и безвременска естетика.

Горди сме што за првпат, корисниците на Grouper ќе можат да направат брза и лесна онлајн нарачка на новите, ексклузивни дизајнерски марами со авторски принт. Марамите се во лимитирана серија и се достапни во онлајн продавницата во Grouper Shopping Mall. Во продолжение, мини-интервју со Росица како најава за лансирање на продажбата…
Почетоците на брендот ROSICA MRSIK беа…
Oдговор на потребата на македонската модна сцена за свеж и современ, урбан и космополитски бренд кој работи по принципите на одржлива мода и создава уникатни парчиња во лимитирани серии, а целта е секоја жена да се чувствува посебна кога носи парчиња облека на ROSICA MRSIK.
Пандемијата влијаеше на мене…
Целосно креативно! Успеав, и покрај ограничувањата во работењето и невообичаените услови за работа, да создадам две колекции во периодот на пандемијата и да дизајнирам лимитирана серија на дизајнерски модни додатоци, со мој авторски принт, чија промоција е во тек.
Лимитираната серија марами претставува…
Нов начин да го дополнам изразот и понудата на модни парчиња на ROSICA MRSIK брендот. Серија која нуди можност пошироката модна публика да ужива во носењето на дизајнерско модно парче и да се чувствува посебно заради ексклузивноста и автентичноста на производите.
Инспирацијата ја пронајдов…
Во создавање колекција на додатоци која ја одразува и нагласува женственоста преку современиот и артистичен потпис. Дизајнерската марама од оваа колекција го надополнува и освежува секој изглед и е совршен, автентичен моден додаток за било која пригода и секојдневен стајлинг.
Онлајн продажбата за мене е…
Нов свет на можности за удобно, брзо и безбедно купување.
Моја порака за сите жени е…
Создадете стил од својата индивидуалност и посебност, така, на карактеристичен начин, ќе ја изразите својата единственост и убавина!