Црвената лента на специјалните Групер викенди ја пресековме со специјалните празнични зделки за време на екстра интересниот продолжен викенд! Започна баш лудо, еуфорично, празнично и весело како што очекувавме!
Видовме дека нашите најмили Групери ги сакаат посебните викенд зделки и дека викенд попустите ги разбудија оние кои се секогаш спремни да зграбат добра зделка! За сите кои едваааај го чекаат наредниот викенд, ги засукавме ракавите и спремивме нешто ново, исто толку возбудливо и специјално!
Неодоливи и суперекономичени зделки – Сè за 99 денари!
Одлични зделки со одлична цена, достапни за секој купувач. Само овој викенд, Grouper ќе ви понуди вкусни ручеци, супер производи, козметика, нега, детски играчки и многу повеќе по екстра цена од 99 ден.
Правила на игра:
Старт: 14.04.2018
Сé што ќе посакаш, по иста непобедлива цена – 99 денари!
Само за најбрзите – зделките траат 48 часа!
Не ги чекајте последните саати од викендот!
Го имате цел викенд пред себе за подновување со симпатичен и корисен производ, два дена да се најде масажа, фенирање, адреналинско доживување или да се початите со вкусна лапачка по непобедлива и неповторлива цена! Зошто овој викенд ќе помине додека да трепнеш, чекајте ги другите викенди со исто толку добри теми.
И секако, ако не сте дома за викенд тука е мобилната апликација со која на само еден клик од каде и да сте викенд зделка ќе си “фатите”– и попустот ќе си го искористите кога ќе се вратите! Подгответе се за изненадувања и не заборавајте: Kај и да си, за викенд на Grouper да си!
Што сé може да се купи за 99 денари? Дознаваме викендов!
Ве сакаме,
тимот на Grouper