blog-zlatni-zdelki

7цата е среќен број, а зделките се златни!

Опсесијата со бројки е многу честа појава :) Секој има среќен број и по некој бакзусен кој го избегнува. Денес на тапет е бројот 7. Седмицата во нумерологијата значи перфекција. Стабилност. Виножитото има 7 бои. Неделата има седум дена. Седум се џуџињата на Снежана. Во Јапонија има 7 среќни богови, а во Вегас статуа од 7 среќни девојки. Збирот на спротивните страни од коцката е секогаш 7. Магично, нели?

7цата оваа година е нашиот среќен број. Зошто славиме седми роденден!

Зошто 7 години сме со вас, напорно работиме со цел да ги оствариме вашите желби, да ги чуеме поплаките и пофалбите, 7 години сме ваш локален водич, ваш гурмански советник, ваш туристички пратител, ваш пријател кој се грижи да го добиете најдоброто и тоа на попуст.

Родендените ги сфаќаме сериозно. Роденденот треба да блеска, да биде возбулив, да е роденден за паметење, да е перфекција. Како што и доликува на една магична седмица. Роденденот го посветуваме на вас. На сите вас 170.000 корисници заедно со 2.500 соработници.

Овој роденден спремаме СПЕЦИЈАЛНИ – РОДЕНДЕНСКИ – ПЕРФЕКТНИ зделки. Зделки на кои не се останува рамнодушен. Зделки кои секој сака да ги има и да ги сподели со пријателите. Зделки на кои е тешко да им се оддолее…да, ако сте со нас, веќе знаете дека тоа се ЗЛАТНИТЕ ЗДЕЛКИ! 

Златните зделки се груперска традиција, ќе им се радуваме трета година по ред бидејќи е најпосакуваната кампања во годината со највеќе продадени купони од премиум брендови. Само за вас – роденденско злато!

А роденден не е роденден ако нема изненадувања, па затоа колку златни зделки ќе има, до кога ќе траат и кои брендови ќе бидат на луди невидени попусти како никогаш до сега, ќе мора да откриете сами. Сé што ви е потребно е следнава информација:

Старт на ЗЛАТНИ ЗДЕЛКИ: 22.01.2018 (понеделнички)

Бидете на Grouper, честитајте ни роденден и спремете се за најдобро Grouper искуство до сега. Ако  не сте убедени во тоа колку ќе биде јако она што следи, дозволете му на мајсторот за златни зделки Славијан, да ви објасни:

А доколку сакате да добиете и објаснување од возрасен, чујте ја Нина што има да ви каже за златни зделки и многу други одговори на вашите прашања :)


Ве сака секогаш возбудениот и мотивиран славеник Grouper

Iva Trembelieva

Iva Trembelieva

Оперативен директор