Што да правите по дома?

Ова може да биде време во кое ќе ја разбудите својата креативност и едноставно ќе се научите како да уживате по дома.

Јас работам веб администрација и корисничка поддршка па работата од дома не ми менува многу, пак си работам на лаптоп 🙂 но ми фалат колешките и дружењето на работа особено дискусиите околу 12 часот за што ќе нарачаме за ручек.

Сигурна сум дека дел од вас никогаш не работеле од дома а можеби и општо не поминувале волку време по дома па сега е можност да откриете некоја нова страна од себеси 🙂

Пред се, гледајте го ова време како време за себе и истражување на сопствените интереси.

1. Станете експерт во одредена област

Ова се дел од моите предлози кои мислам дека ќе ве размрдаат периодов и ќе ја развијат вашата љубопитност и креативност.

Сега е времето да научите нешто поразлично, за разлика од класичните курсеви како маркетинг и јазици јас би ви предложила да пробате нешто неконвенционално. 

Пример, рестарвација на стар мебел, ова може да биде еден од проектите за наредниов месец, да обновите некое старо парче мебел

Можеби ве интересира нешто повеќе за различни техники на плетење, или пак отсекогаш сте се чуделе како ги прават оние прекрасни торти на телевизија.

Разгледајте ги сите курсеви тука: https://grouper.mk/category/edukacija/online-kursevi

Со читањето и учењето за нешто ново ја збогатувате љубопитноста и ќе почнете да размислувате и за креативни работи кои можете да ги пробате по дома.

Којзнае, можеби ќе ја најдете и вашата идна професија.

2. Апдејтирајте го вашето CV

Повеќето знаеме да правиме CV само кога треба да аплицираме за некоја работа, набрзински и без план. А всушност најдобро е CV-то постојано да се апдејтира и подобрува. Сега е времето да направите малку покреативно CV. Најдете некои темплјети на интернет и размислете кои се вашите клучни особини и знаења кои би сакале да ги истакнете. Имаме и онлајн курс кој може да ви помогне. https://grouper.mk/deal/cv-writing

Вака ќе бидете спремни кога и да се решите за нареден Job Hunt, а плус ќе знаете што ново да додадете и на Linkedin. Јас секогаш од Linkedin си се потсетувам што да ставам во CV 🙂

3. Имајте долги патувања дооо…

До кујната 😀

Подобро време нема од сега да почнете да се храните домашно. Многу пати на работа сме збореле, дека сакаме повеќе да се храниме со храна која ќе ја подготвуваме дома. Па дел од колешките купија намирници и почнаа да си прават салати и други јадења на работа а сега сите си готвиме по дома и за време на пауза јадеме домашни јадења. Ако готвите по дома можете да зештедите и пари и да правите поздрави јадења соодветни за вас.

Напревете си некој план за исхрана и почнете да експериментитрате во кујната 🙂

Имајте и Cheat day и нарачајте си нешто и до дома директно од ресторан.

4. Вежбајте 

Направивте план за исхрана сега наредно е да почнете да вежбате. Направете си домашно катче за вежбање.

Најдобар начин за да си ја избустате енергијата и да се размрдате.

5. Направете 30 дневен предизвик

Само што решив дека ќе си направам 30 дневен предизвик секој ден да нацртам нешто ново. 30 дневен предизвик може да си направите за било што. Препорачувам да биде за нешто за кое долго време се терате да го направите. Колешка направи 30 дневен предизвик за вежбање, може да биде 30 дневен предизвик за читање на книги и слично. Плус мотивиација може да ви биде да споделувате сториња на инстаграм и да предизикувате и други пријатели да го направат истото. 💪

Тоа се моите предлози дечки!

И не заборавајте да уживате по дома без шминка, во удобна облека, со убава атмосфера, пуштајте си музика, разговарајте по телефон, не за џабе велат: make yourself at home. Може и ќе ви се уарни па ќе ги продолжите навиките и понатаму 🙂

Имајте убави денови и седете си дома! 

Frosina Trajkovska

Frosina Trajkovska

Customer Care & Web Admin Team Lead