Ова е пост за сите кој ќе ве интересира сите: и тие што веќе нé следите, а и сите вас останати за кои Grouper е нов пријател 🙂 Сакаме да ви ги претставиме сите новости на кои работевме во изминатиов период, искуствата од кои научивме изминативе 9 години постоење, новости кои сметаме дека ќе ги задоволат сите ваши потреби во делот на е-трговија, независно дали сте корисник или компанија.
Нашата визија е да ги развиеме сите аспекти на е-трговијата, и да го претвориме Grouper во најголемата платформа за е-трговија на пазарот за двете страни:
за корисниците – да можат да најдат буквално се што им е потребно во најголемиот онлајн трговски центар, да бидат во тек со најновите попусти, да ги организираат своите идни патувања, да го најдат совршениот подарок, а секако се од тоа да го направат од удобноста на својот дом, или од каде и да се преку мобилната апликација.
за компаниите – на брз и едноставен начин да се промовираат, да отворат своја онлајн продавница, да развијат маркетинг стратегија и да ги користат сите бенефити на е-трговијата со наша постојана поддршка.

Ова е “Сé од Grouper”, пронајдете што ќе ве интересира баш вас:
Зделки
Ова е нашиот примарен модел кој ви е познат на сите. Во овој дел може да ги најдете најголемиот попусти на услуги од најразлични категории: храна, едукација, здравје, убавина, релакс. Секој ден нови зделки кои ќе ви помогнат преку одлични цени да пробате нови искуства и да посетите нови места.
Што добивааш ако си корисник: најниски цени за услуги и можност да дознаат нови места од сферата која ги интереса
Што добиваш ако си компанија: нов начин за промоција и стекнување на нови клиенти.
Grouper Shopping Mall
Grouper Online Shopping Mall е новиот револуционерен продукт, преку кој Grouper со своето девет годишното искуство, техничка и маркетинг експертиза му овозможува на секој бизнис на брз и лесен начин да се приклучи во е-трговијата и да ги продава своите производи онлајн. Ова е најголемиот онлајн трговски центар кој ќе ги задоволи сите потреби на еден корисник, но и бизнис.
Што добиваш ако си корисник: ќе можеш да најдеш буквално сé што ти е потребно од производи со достава до својот дом!
Што добиваш ако си компанија: нов канал за продажба, твоја онлајн продавница со платежен систем и маркетинг алатки за промоција.
Храна до дома
Oва е новитет на Grouper преку кој можете да нарачата храна од дома – до дома! Посебно во овој период каде ограничувањата за движење се зголемени, ова е супер начин да продолжите да уживате во добри специјалитети доставени до вашиот дом за неполн час!
Што добиваш ако си корисник: најбрз и најлесен начин да нарачаш од дома вкусно мени и да го добиеш тазе за помалку од еден час! Bon appetite!
Што добиваш ако си компанија: нов канал за продажба, твоја онлајн продавница со платежен систем каде ќе можеш да го објавиш твоето мени и лесна платформа за процесирање на нарачките.
Купони за попуст
Ова е исто така добро познат концепт кој е активен веќе подолго време на Grouper, а тоа е специјални купони со симболична цена со кои добивате голем попуст директно во продавницата за која се однесува промоцијата.
Што добиваш ако си корисник: најголемите ексклузивни попусти на премиум брендови.
Што добиваш ако си компанија: брза и успешна промоција пред над 240.000 Grouper корисници и зголемена посетеност на продавницата, маркетинг стратегија за дигитално рекламирање.
Gift Картички
Ова е најбрзиот и наjлесен начин да набавите подарок. Grouper Gift картичка e вредноста картичка која може да се користи на Grouper. Вредноста ја бирате самите кога го правите купувањето, а картичката може да биде дигитална и да ја испратите веднаш до оној за кој е наменета, а нудиме и опција за физичка печатена гифт картичка доколку сакате да ја подарите на тој начин.
Што добиваш ако си корисник: брз и лесен начин на подарување, подаруваш избор во рамките на буџетот кој го имаш. Идеален подарок за секоја пригода.
Што добиваш ако си компанија: одлична можност да ги наградиш своите вработени или да ги испочитуваш колегите кога е празник, роденден, годишнина и слични пригоди. Брзо и лесно плаќање на фактура и процесирање на гифт картичките се само дел од услугите кои ги нуди Grouper.
Патувања
Од нашите почетоци, па се до денес по 9 години постоење, однесовме илјадници корисници на најразлични дестинации. Секогаш ги нудиме најдобрите цени за хотели, туристички аранжмани и еднодневни екскурзии, а воедно и ги организираме најпознатите кампањи за патувања меѓукои и онаа омилената #ДестинацијаМакедонија. На Grouper може да го резервираш твојот викенд, летен одмор, зимски релакс, еднодневен шопинг или екскурзија по одлични цени.
Што добиваш ако си корисник: понуди за патувања на едно место, брз начин на резервација, големи попусти на хотели, вили, превоз, аранжмани за најразлични дестинации.
Што добиваш ако си компанија: нов канал за продажба, промоција на твојот хотел / вила / сместување, специјални промоции на турситички аранжмани, нови потенцијални клиенти кои сакаат своето патување да го испланираат на брз и лесен начин – онлајн.
Се надеваме дека се пронајдовте во барем еден од нашите сервиси, без разлика дали сте корисник или соработник. Ние сме тука да ги развиваме и новите проекти и да ви ги задоволиме сите ваши потреби со еден клик – онлајн.
Ве сака вашиот Grouper