Отсекогаш сум сакала да патувам. Желбата да залуташ некаде и да откриеш некое мало место кое ќе биде само твое е непроценлива.
Бескрајно многу дестинации за посета и секогаш недоволно средства за реализација.
Па си велам, кога да патувам ако не сега?! Деновите се подолги, облеката е полесна. Со едно мало ранче на грб, добро друштво и на авантурите им нема крај.
Но каде да патувам со малку пари? Прво проверувам на Grouper.
Најактуелните места и најдобрите попусти се тука.
Проверете што спремивме за вас!
Македонија е неоткриено богатство и има да понуди за секој по нешто! Тука ќе пронајдете мир, прекрасна храна, недопрена природа и можност за безброј авантури.
Но што може да направите за 11€?
Малку пари за многу искуства ?
Може да најдете уникатен престој!
Авантури со јавање коњи, дегустирање вино.
Да вкусите одличен ручек од нашите познати ресторани.
Пронајдете производи со одлични попусти!
Сето ова може да го најдете ДОМА? Старо место, нови спомени.
Да направиме лето за паметење ?
Како добри домаќини, најпрвин ве водиме на прошетка во Охрид, Ерусалим на Балканот. Доколку сте за релаксиран одмор во уникатно сместување, тогаш ќе направите одличен избор.
Комплекс Минами е најдоброто место за релаксација од градската гужва и за уживање во планинските спортови како џогирање, возење велосипед и прекрасен поглед на Охридско езеро.
Можеби имате совршено место за кампување и потребен ви е превоз?
Билетот до Охрид е на само еден КЛИК до вас!
На патот накај Охрид секогаш може да го посетите и националниот парк Маврово. Ако до сега не сте пробале јавање коњ, сега е вистински момент.
Искусете планинска тура со јавање коњи по течение на Беличка река. Низ живописната природа на Трница. По турата препорачуваме задолжително да ги пробате највкусните традиционални специјалитети од Ресторан Кораб Трница.
Доколку сте љубител на вода, тогаш во Дебар е вистинската забава. Да точно така, во Дебар. Аква парк на огромна површина за сите љубители на вода.
Можеби сакате планина, препорачуваме посета на Кожуф или Берово, да се освежите со чист воздух.
Ако сте гурмани и сакате да уживате со чаша вино и да се релаксирате во прекрасно опкружување, Kokino Winery&Hotel е вистински погодок.
Одберете каде ќе поминете релаксиран викенд и искусите нова авантура, направете секое искуство да е незаборавно.
Ајде кон нови искуства!
До следното читање ?