#СкопјеГурман ти ќе бидеш – 5-та година по ред!

ДОАЃА СКОПЈЕ ГУРМАН! Со нетрпение ја очекуваме и секој ден се повеќе зборуваме за неа бидејќи оваа година е посебна. Оваа година славиме ЈУБИЛЕЈНА 5-та ГОДИНА!

5-та година од единствената, долгоочекувана, најголема и највкусна кампања посветена на храната и на сите најголеми гурмани. 5-та година со најдобри специјалитети за сечиј вкус, најдобар избор, најголемо гурманско мени и тоа по непобедливи цени!

Месец јуни го претвараме во месец на храната, месец во кој ќе откриете нови места и нови вкусови или ќе го јадете омилениот специјалитет во градот на попуст!

СТАРТ: 5 јуни

Значи дечки, следи месец во кој готвењето дома го ставаме на ПАУЗА и одиме во преку 70 ресторани во градот да дегустираме, да пробуваме разновидна домашна и интернационална кујна со најдобри попусти!

НАЈБОГАТО ГУРМАНСКО МЕНИ 

Најголемиот водич на ресторани ќе понуди најбогато мени до сега со гурмански зделки за сечија душа во најдобрите ресторани, локали, барови, пицерии, кафани, сладоледџилници, кафулиња, fast food места и пекари и сите специјалитети ќе бидат по промотивни цени на попуст! Што има денес на менито?

ГЛАСАЊЕ ЗА НАЈДОБРИ РЕСТОРАНИ ️
Очекувајте врвна услуга и квалитетна храна, бидејќи рестораните се во трка за титула Најдобар ресторан во својата категорија. На крајот на кампањата, не заборавајте да го дадете вашиот глас за најдобрите кои ви приредиле вистинско гурманско искуство и ги надминале вашите очекувања.

ПОДАРОЦИ ЗА VIP ГУРМАНИТЕ! 
Најгурманите, оние кои ќе пробаат најмногу вкусни гурмански задоволства, односно првите 10 кои ќе купат највеќе ЗДЕЛКИ од Недела на храна со Mastercard картичка ќе добијат специјални подароци! Купи си што повеќе зделки од Недела на храна со Mastercard и стани си наш Групер Mastercard VIP Гурман!

ИЗНЕНАДУВАЊА 
Oние кои нé следат знаат дека ниедна наша кампања не поминува без предизвици па така и оваа кампања ќе биде полна со изненадувања. Внимателно следете нé и подгответе се за возбудливо гурманско патување!

ДОНИРАЈ СО GROUPER И MASTERCARD

За секој купен купон од #СкопјеГурман со Mastercard картичка ќе бидат донирани 2 денари на оние на кои им е најпотребно. Заедно со вас ќе одбереме каде да донираме! Всушност, вкупната сума која ќе ја собереме со ваша помош е бројот на купени купони со Mastercard x2. Да се обединиме и да помогнеме во целта „храна за сите” и да направиме навистина да врне храна овој месец!

Скопје, гурман ти ќе бидеш segaaaa…по 5-ти пат! ️

Симни Grouper мобилна апликација и искористи ги веднаш гурманските купони!

Се гледаме во некој од рестораните на #СкопјеГурман,
Поздрав од сектор за гастрономија и гурманологија на Grouper

Нена Синадиновска

Нена Синадиновска

Маркетинг и продажба