Драги наши групер гурмани, официјално ја заокруживме кампањата #СкопјеГурман со последната најубава мисија!
Цело лето дегустиравме вкусни специјалитети, доживувавме нови места и ги скокоткавме вашите очи, нос и уста со повеќе од 100 неодоливи јадења од повеќе од 70 најдобри ресторани во Скопје!
Под мотото „Храна за сите“, го претворивме Скопје во најгурмански град, а, дека крајот го краси делото, говори акцијата со која официјално ја завршивме овогодинешната #СкопјеГурман Недела на храна. Како што знаете, во текот на кампањата, со секоја трансакција направена со картичките на Mastercard дониравме по 2 денари, па така сите вие Mastercard купувачи станавте мали херои кои заедно направивте големо дело. Секоја чест, Групери! займ онлайн без звонков
Беа собрани вкупно 13.154 денари, со кои беа набавени и донирани прехранбени намирници во Банка за храна – хуманитарна организација која се залага за придонес во борбата против недостиг на храна во Македонија и ги поврзува компаниите, производителите на храна и волонтерите, со социјално загрозените семејства, народните кујни, центрите за деца и сите оние на кои им е најпотребна помош. Целта на оваа акција беше сите да се сити, затоа преку системот на собирање, складирање и дистрибуирање на донациите, Банката за храна ќе се погрижи помошта да стигне до вистинските раце.
Погледнете ги фотките од овој убав момент:
Секоја шанса ја користиме да помогнеме и тоа го правивме од сé срце, со помош на целиот наш тим!
Хуманоста која всушност и треба да е дел од сите нас, секогаш била дел од мисијата и визијата на Grouper! Повеќе за акцијата и за минатите акции можете да прочитате тука.
Ние сме веќе возбудени и со душа ја чекаме #СкопјеГурман 2019, а до тогаш ви посакуваме да останете гурмани и да останете хумани!
Ве сака,
Оддел за прегратки на Grouper